Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Запознајте ја најплатената жена на денешницата
Сафра Кец (61) е најплатената жена - извршен директор на денешницата. Таа има еврејско потекло и се преселила во Америка од Романија со нејзините родители кога имала шест години.
-
Како да заштедите повеќе од 500 евра за една година?
Есента е време на големи трошоци - се истрошивте за летниот одмор, почна учебната година, се подготвуваат зимници. Никогаш не е на одмет да имате нешто заштедено, но и денес е одличен ден да почнете да мислите на вашата финансиска стабилност.
-
„Пасош за компетентност“ – како „функционира“ германскиот рецепт за оние кои бараат работа
Дали сте слушнале за „пасош за компетентност“ и за кого е наменет?
-
Зошто најголемите компании во светот имаат индијци за директори?
Индијците доминираат во бизнис светот затоа што имаат многу поширока слика и подобро познавање на глобалниот пазар, а Индија е една од оние земји што ги претставува најперспективните. Ако вработите личност која знае пазар со над милијарда жители, имате win – win ситуација.
-
Жена се породила во автобус, детето до 18 години ќе има бесплатен превоз
Машко бебе се родило кон средината на август во автобус на релација Париз-Варшава. Добрата вест ја објави автобуската линија FlixBus
-
Поради страв од недостиг на гас, германците купуваат скапи електрични греалки
Германците би можеле да ја преоптоварат националната електрична мрежа бидејќи користат неефикасни електрични греалки во обид да избегнат студено време оваа зима поради недостиг на гас, предупреди германската агенција за енергија и комунални услуги.
-
Девојка од Индија освои 5900 евра во натпревар во спиење
Дваесет и шестгодишната Трипарна Чакрабарти од Калкута, Индија, стана шампион во натпревар во спиење. Таа е првата девојка која спиела 100 дена по девет часа без престан и освои награда од 5900 евра. Натпреварот го организирала компанија која се занимава со квалитетен сон.
-
Во Дубаи ќе се гради зграда вредна 5 милијарди долари, со Месечина над неа
Дубаи планира да изгради зграда вредна 5 милијарди долари, откри канадската архитектонска фирма и давателот на лиценца за интелектуална сопственост Moon World Resorts.
-
Истражување: Еве на кое место се наоѓаат македонците кога станува збор за коефициент на интелигенција
Независната организација World Population Review (WPR), со седиште во САД ги следи демографските податоци преку API системот со цел да прикаже статистички показатели за бројот на жители, степенот на образование, стапката на вработеност/невработеност, коефициент на интелигенција…
-
Посебни ленти за безбедно пристигнување на децата од дома на училиште и обратно
Париз воведува новина, училишни улици. Тоа е дел од градскиот проект „Париз дише“.