Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Mercedes повеќе нема да ја произведува E класата за таксисти
Овој модел е едно од најпопуларните такси на германските патишта. Но, Mercedes-Benz од следната година не сака да го нуди овој модел како такси, а истото важи и за Б-класата, по редизајнот.
-
Не е ни долар, ни евро - Еве во која валута е најдобро да се штеди!
Швајцарскиот франк - најбезбедната валута
-
Google Maps воведува услуга која ќе ви ја намали потрошувачката на гориво
Google ја проширува услугата за Maps што почнаа да ја тестираат минатата година, а станува збор за пресметување на најевтината, односно енергетски најефикасна рута.
-
Ако ја примите оваа е-пошта од Инстаграм – не отворајте ја врската
Постојат бројни начини на кои хакерите и измамниците се обидуваат да добијат информации за корисничките имиња и лозинки и да ги користат за разни измами, уцени и слично.
-
Работа од соништата: Јапонец го плаќаат за да не прави ништо
Јапонецот Шоџи Моримото (38) од Токио вели дека има работа од соништата бидејќи не работи ништо, а заработува 71 долар на час (10.000 јени) за тоа. Тој има ангажман само да придружува клиенти и со нив не прави ништо.
-
Првата жена која ќе добие доживотна забрана за присуство на фудбалски натпревари
Tаа ќе стане првата жена на која доживотно ќе ѝ биде забрането присуство на натпревари. Претходно, многу хулигани и навивачи ја добија оваа забрана, но ова ќе биде првиот случај кога станува збор за жена.
-
Македонија се вклучува во светската велосипедска трка Гран Фондо
На 18-ти септември 2022-та во Скопје ќе се одржи првата Гран Фондо трка во Македонија, со што нашата земја и нашиот главен град ќе добијат свое место на мапата на светски познатите и реномирани велосипедски настани, кои се одржуваат во сите развиени земји.
-
Меѓународната пливачка федерација одобри капа дизајнирана за афро фризури
ФИНА одобри капа дизајнирана за афро фризури, соопшти Меѓународната пливачка федерација.
-
Илјада евра за само еден килограм сирење од Србија!?
Сирењето кое се прави од магарешко млеко чини дури илјада евра за килограм.
-
Овие земји се најголеми извозници на фрижидери во светот, а меѓу нив и нашиот сосед
Годишно во светот се продаваат околу 200 милиони фрижидери. Според извештајот WITS на Светската банка, најголеми светски извозници на фрижидери и замрзнувачи се Кина, Мексико и Полска. Според овој извештај, Србија со своето производство на уреди за ладење во фабриката Горење Ваљево е на 14-то место во светот.