Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Австралија планира да ги забрани мобилните во државните училишта
Мобилните телефони ќе бидат забранети во сите државни училишта во Австралија
-
Продажбата на Лада нагло скокна
Во текот на август, Лада забележа раст на продажбата од дури 75 отсто, бидејќи владината програма за субвенционирање успеа да ја зголеми побарувачката во земјата.
-
По 186 години постоење се затвора најстарата зоолошка градина во светот
По 186 години постоење, зоолошката градина во Бристол е затворена за да се пресели на друга локација во 2024 година. Иако активистите за правата на животните посочуваат дека чувањето животни во заробеништво во зоолошките градини е мачење, затворањето на познатата зоолошка градина во Бристол растажи многу граѓани.
-
Бебето од омотот на „Nevermind” го изгуби случајот со „Нирвана“
САД – Американскиот Суд ја отфрли и последната тужба на Спенсер Елден против „Нирвана“ поради легендарната корица на албумот на хеви-метал бендот од 1991 година – „Nevermind”, на којашто Елден е сликан како бебе.
-
Топ 10 најпродавани автомобили во Европа во јули
Поранешниот бестселер Golf е на работ да испадне од првите десет, но има достоен наследник. Со текот на годините, овие списоци беа релативно здодевни, бидејќи истите модели се појавуваа одново и одново, во различен или сличен редослед, но настаните од последните неколку години донесоа пресврт наавтомобилскиот пазар.
-
Топ 10 острови за работа на далечина: На еден од нив дневно ви требаат околу 1.000 денари за живеење
Холандско-карипскиот остров Курасао го заслужил првото место на оваа листа, а веднаш потоа следи италијанскиот „бисер“.
-
Катар ќе им овозможи на навивачите да купуваат пиво, но со одредени правила
Светското првенство оваа година е првото што се одржува во муслиманска земја со строга контрола на алкохолот.
-
Купуваат електричен автомобил, добиваат субвенција, а потоа го препродаваат во странство
Како и во многу други земји, набавката на електрични автомобили во Германија е субвенционирана од државата. За ново електрично возило на клиентите им даваат до 9.000 евра.
-
Facebook, Instagram и WhatsApp ќе се плаќаат?
Мнозинството, погодувате, одговорија со „не“.
-
Еден од најтешките во светот: Приемниот испит за кој родителите ја напуштаат работата за да им помогнат на децата
На денот на испитот, илјадници таксисти ги нудат своите услуги бесплатно на идните студенти на кои им е потребен превоз. Досега, познатите личности како Стивен Хокинг и Џим Парсонс, попознат како Шелдон од серијата Теорија на Биг Бенг, ги поддржаа младите надежи.