Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Во овие земји е нормално да му се заблагодарите на возачот на автобусот по возењето
Работата е стресна и по долг напорен ден, малку „благодарам“ значи многу – верувајте ми“.
-
Што смеете, а што не смеете да си земете од хотелска соба?
Постојат хотелски правила кои не треба да ги прекршите при престој, a едно од правилата е – што смеете, а што не смеете да си земете од хотелската соба.
-
Предбрачен договор: "Ако ме изневериш, цел живот ќе ми ги плаќаш сметките"
Шејлин Мартинез, девојка од американската држава Ајдахо, на TikTok откри необичен начин да се осигура во случај нејзиниот вереник да ја изневери.
-
Највисокиот врв во Африка доби брз интернет
Алпинистите кои се искачуваат на Килиманџаро сега можат да ги документираат своите искачувања и авантури во реално време и да објавуваат содржини на социјалните мрежи бидејќи имаат пристап до интернет.
-
Децата во Јапонија ќе добијат специјално направени чадори кои ќе ги штитат од жештините
Децата кои живеат во најтоплиот град во Јапонија ќе добијат специјално направени чадори кои ќе ги штитат од жештините, откако ова лето беа регистрирани рекордно високи температури во поголемиот дел од земјата.
-
Како да се расоните без кафе?
Одржувајте здрави навики!
-
95 годишен пензионер собори рекорд во атлетика
Деведесет и петгодишниот Александар Веретнов од Краснојарск, го освои регионалното првенство во атлетика меѓу ветераните. Истрача 800 метри за осум минути и триесет и осум секунди.
-
За да сте среќни треба да бидете љубопитни - Еве зошто тоа е добро!
Љубопитноста најчесто се поврзува со детството, но ако ја негуваме внимателно, љубопитноста може да остане наш постојан двигател во текот на животот, бидејќи љубопитноста е еволутивно условена како едно од основните алатки за преживување.
-
Избрале живот на село и изградиле куќа во која се работи со мала помош од сонцето и дождот
Поскапувањето на градежните материјали, цената на становите, но и желбата градската гужва да се замени со живот на село го поттикна овај млад брачен пар на еден несекојдневен и интересен чекор.
-
Ватикан ја зголемува војската, бараат неженети швајцарски католици
Тие можат да се венчаат по отслужување пет години