Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Платформа за криптовалути на жена наместо 100, случајно ѝ префрлила 10,5 милиони долари
Една од најголемите платформи за трговија со криптовалути "Crypto.com" по грешка и префрлила 10,5 милиони долари на Теваманогари Манивал од Мелбурн, која од нив барала рефундација од 100 долари.
-
Најбрзиот патнички авион од Њујорк до Лондон ќе лета за три часа
Од компанијата Boom Supersonic која го произведе најновиот и најбрз патнички авион „Син конкорд“ велат дека тој може да достигне брзина од 1300 милји на час, односно 2092 километри на час, што е двојно побрзо од најбрзите комерцијални авиони, пренесе Dejli mejl.
-
Плескавица за Гинис - тешка 67,2 килограми, направена во Лесковац
Најатрактивниот дел од програмата на 32-та Лесковачка скара е правењето на најголемиот бургер на светот.Новиот рекорд е 67 килограми и 200 грама, а тимот што го постави е стар, но добро познат.
-
Метеоролози добиле отказ поради погрешна прогноза
Двајца од водечките унгарски метеоролози ќе мора да бараат нови работни места откако беа отпуштени поради погрешна временска прогноза што предизвика бурни реакции кај политичарите.
-
Стјуардеса откри кое е највалканото место во авионот – не е тоалетот!
Стјуардеса од Мајами откри кои се највалканите места во авионите, бидејќи ретко ги чистат. И не, не е тоалетот.
-
Кинезите најавуваат електричен автомобил со домет до 1.000 километри
Кинезите најавуваат електричен автомобил со домет до 1.000 километри
-
На возачите кои нема да вклучат клима им се заканува казна до 6.000 евра
Казна до 6.000 евра за непочитување на правилата за климатизација
-
Усеин Болт развива БИЗНИС. Си обезбеди лого и сега ќе ја прошири својата ИМПЕРИЈА
Атлетската легенда Усеин Болт одлучи да ја заштити својата поза која ја користеше за да ги прослави своите многубројни победи на Олимписките игри и Светските првенства.
-
Најмоќната земја во Европа, рај "за перење пари"
Во Германија секоја година се „перат“ околу 100 милијарди евра, поради што земјата често се нарекува „рај за перење пари“, а експертите сметаат дека има уште многу простор за подобрување на борбата против овој облик на криминал.
-
Instagram со голема промена - следуваат ограничувања за овие корисници
Instagram дополнително ја ограничува содржината за лица помлади од 16 години