Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Од Америка до Европа за само 5 часа?
„Американ ерлајнс“ се согласи да купи до 20 суперсонични авиони и да стави неповратен депозит на авионите, кои се уште се во изградба и кои со години се оделени од летање.
-
Се бара човек кој ќе пие вино, плата 700 евра за 3 дена
Ќе се сложиме, ова навистина звучи како идеална летна работа, зарем не?
-
Како сината светлина од компјутерите и телефоните влијае на нас?
За сите нас кои минуваме голем дел од денот пред компјутерите, сината светлина претставува голем проблем.
-
Како да заработите пари живеејќи на Малдиви? Еден од условите е да сакате книги
За секој што сонува да побегне во тропски рај од секојдневната монотонија од 8 до 16 часот, одморалиштето Soneva Fushi на оддалечениот остров Кунфунаду нуди рај. Книжарница на Малдиви бара нов колега кој ќе му се придружи на нивниот тим од октомври.
-
Сајбер експертите предупредуваат: На овие 6 места не треба да ги полните мобилните телефони
На сите ни се случува да заборавиме да го наполниме нашиот телефон, а тоа може да претставува проблем кога сме далеку од дома.
-
ЕДНА ТОПКА 800 ЕВРА: Поради оваа состојка ова е најскапиот сладолед во светот – порција чини колку еден стан!
Еден од најскапите сладоледи во светот е „Absurdity Sundae“ кој чини околу 60.000 евра по порција, а многу поевтин се прави во Дубаи.
-
Како да го исполните времето кога надвор е врнежливо?
Врнежливото време е време кое секогаш не’ асоцира дека треба да бидеме дома, а тоа е досадно и целосно непродуктивно нели? Но, наместо да кукате дека времето надвор не е добро и да седете дома превртувајки ги очите од досада, пробајте да направите нешто од следните наши предлози.
-
Отворена најголемата LEGO продавница во светот по повод 90. роденден на брендот
Данскиот бренд на играчки LEGO оваа година го слави својот 90. роденден од основањето на 10 август 1932 година. По тој повод, брендот ја отвори и својата досега најголема продавница во светот, на плоштадот Лестер во Лондон.
-
Што е заедничко за милијардерите кои сами стекнале богатство?
Секој од нив има свои преференции, личност и политика, но тоа не значи дека немаат некои сличности. Спроведени се многу студии за тоа дали постои „тип на претприемачка личност“, со различнии резултати.
-
Во Данска е основана политичка партија предводена од вештачка интелигенција
Во Данска е формирана нова политичка партија – Синтетичка партија, чија политика е целосно водена од вештачката интелигенција.