Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Тетоважа на работа - "моден додаток" или одраз на непрофесионалност?
За некои, тие претставуваат совршен „моден додаток“, други имаат неутрален став, а трети не изгледаат претерано добронамерно кон нив - Особено кога се појавуваат во работни средини.
-
Патник казнет со 1.874 долари бидејќи во багажот му нашле сендвич
Патник кој патувал од Бали за Австралија морал да плати 1.874 долари, откако во неговиот багаж биле пронајдени две непријавени јајца, телешки колбас „Мекмафин“ и кроасан со шунка, појадок од „Мекдоналдс“.
-
ДА, и тоа го има - плаќање со насмевка
Вчера со готовина, денес телефонски, утре со насмевка…
-
Аеродромите од поранешна Југославија опслужија 8,6 милиони патници, скопскиот близу 900.000
Со 213.347 патници опслужени овој јуни, скопскиот аеродром се приближува до бројките во предпандемиската 2019 година, кога во истиот месец низ неговите врати поминаа 215.021 патник, пишува специјализираниот портал ExYuaviation.
-
Се продава семејниот ранч на Волт Дизни за неверојатна сума
Се продава ранч во американската сојузна држава Вајоминг, кој порано бил во сопственост на семејството Волт Дизни. Истиот е ставен на продажба за неверојатни 71 милион долари, објави The Wall Street Journal.
-
750.000 евра казна за Google поради прекршување на забраната за рекламирање на коцкање
Google ќе се соочи со финансиска казна од 750.000 евра во Италија поради прекршување на забраната за рекламирање на коцкање.
-
Србите вложиле најмногу во криптовалутите во однос на регионот
Во Србија најмногу луѓе вложиле во криптовалути во однос на регионот
-
Последните истражувања велат дека GPS навигацијата нѐ прави поглупави
Денес е многу нормално да ја проверите омилената GPS карта и да ја испланирате маршрутата користејќи апликација за навигација пред да патувате на место за кое не знаете многу.
-
Хороскопски знаци во реално шоу: Кој би победил?
Ако сакате да гледате нешто друго наместо реални шоуа, но изгледа не можете да го промените каналот, можеби сте родени во некој од следните хороскопски знаци.
-
Samsung ви овозможува да ги скриете вашите податоци од сервисерите на телефони
Барем еднаш сте се нашле во ситуација кога сте морале да го дадете телефонот на поправка, полн со ваши фотографии, пораки и други лични податоци, а не можете да направите ништо за да ги заштитите вашите податоци од сервисерот.