Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Становите во Грција и Турција се продаваат како алва, а има и кој да купува
Додека цените на становите на одредени локации во Белград се на врвот и нема индикации дека во блиска иднина би можело да има пад, поради поволните цени граѓаните во последно време особено се интересираат за имот во Грција и Турција, и други познати летни дестинации.
-
Три грешки што ги правиме кога ќе се вратиме на работа после одмор
Иако „исклучувањето“ е супер и треба да го направите тоа за да се вратите свежи и одморени на работа, треба сепак да имате на ум дека после продолжениот празничен викенд или годишниот одмор треба да се вратите на работа и повторно да работите.
-
Германските железници им исплаќаат на вработените бонус за заштеда на енергија
Сто евра бонус за повеќе од 200.000 вработени ќе чини околу 20 милиони евра, за кои концернот верува дека ќе може да заштеди на струја преку дополнителна мотивација на вработените.
-
Изработката на првите банкноти се одвивала рачно
Секој симбол на македонската банкнота си има свое посебно значење и ја отсликува нашата историја со која можеме да се гордееме. За изработката на првите бонови беше потребно многу време. Имав многу непроспиени ноќи, но и голема одговорност, вели дизајнерот на првите македонски пари.
-
Совети како помалку да фрлате храна и да заштедите пари
Храната станува сè поскапа, а со менување на секојдневните навики можете да го намалите отпадот на минимум.
-
Салцбург штеди: Порано ќе ги исклучува светлата на главните знаменитости
Австрискиот град Салцбург, среде туристичката сезона, ги исклучува светлата на главните атракции еден час порано за да заштеди електрична енергија во време кога земјата, како и цела Европа, се соочува со енергетска криза која се наѕира.
-
Оваа држава од денес воведува платено татковско отсуство
Во Хрватска од денеска се воведува новo правило - платено татковско отсуство. Ќе трае 10 или 15 дена, во зависност од тоа дали се работи за едно дете или близнаци или повеќе деца родени во исто време, отсуството не е задолжително, но доколку таткото сака, работодавачот мора да го овозможи тоа.
-
Кои се почесните граѓани на Скопје?
Почесен граѓанин на некој град не може да биде секој. Тоа мора да се заслужи. Да се биде почесен граѓанин на еден град е посебна чест и статус кој го доделува градот на заслужни граѓани.
-
Оние кои не се плашат од височина можат да заработат и до 100 евра на ден
Искачувањето по планинските карпи или спуштањето по фасадите на солитери или столбови за нив е уживање. Тие се љубители на адреналинот, авантура, а се разликуваат само по тоа што за првата работа треба да платат, а за втората добиваат плата.
-
Оглас за издавање стан во Нови Сад ги насмеа корисниците на социјалните мрежи: „Милето е гратис“
Еден оглас за издавање стан во Нови Сад стана хит на социјалните мрежи поради вртоглавата цена.