Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Омилената боја ја открива вашата идеална професија
Која е Вашата омилена боја?
-
Мрачната страна на работата во циркус - артистка ги открива деталите
Екатерина Запашној е руска актерка која со години работи во циркус. Има акробатски точки и отворено говори како изгледа животот во циркусот. Покрај неа секогаш се нејзиниот сопруг Константин и нивната ќерка.
-
Што никогаш НЕ треба да споделувате со колегите?
Постои посебно пријателство што се развива при споделување на дневните подеми и падови на животот на работното место.
-
Најстарата зоолошка градина во светот слави 270-ти роденден
Има површина од 17 хектари, каде има 8.000 животни кои заедно сочинуваат 700 видови.
-
Ресторан во Швајцарија ги казнува сите гости кои "фрлаат" храна
За сите оние кои не ја научиле оваа лекција во детството
-
„Вработените не треба да доаѓаат на работа пред 10 часот наутро, а студентите да не почнуваат со предавања пред 11“
Форсирањето на вработените луѓе помлади од 55 години да доаѓаат на работа пред 10 часот наутро е контрапродуктивно. Вработените се уморни, имунитетот ослабен со тоа што се посклони кон заболувања и се под поголем стрес.
-
Вежбање повеќе од препорачаното води кон подолг живот, покажува новата студија
Нова студија покажува дека вежбање на неделно ниво дури и повеќе од тоа што се препорачува води кон подолг живот.
-
Поразителни резултати: повеќето возачи не знаат да се справат ниту со мал дефект на автомобилот
Во студијата учествувале повеќе од 1.200 луѓе, а според резултатите повеќето од нив – 77% – не знаат да поправат ниту мал дефект или пак да заменат некој дел од од автомобилот кој влегува во потрошен материјал.
-
Стигна новиот Gmail: Што треба да знаете?
Доколку имате Google Chat, тогаш отсега ќе го имате и новиот Gmail.
-
Еве кои професии се најбарани во Германија
Загрозени се 148 занимања