Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Македонија во Топ 10 најпријателски расположени земји во светот
Значи ако сакате да бидете најдобро третирани и да комуницирате со пријателски настроени локалци, вашето наредно патување нека биде во Македонија
-
Што мислите, колку пари ви се доволни за да имате финансиска слобода и удобен живот?
Што мислите, колку пари ви се доволни за да имате финансиска слобода и удобен живот?
-
Tопењето на глечерите ја помести границата меѓу Швајцарија и Италија
Високо во снежните Алпи, топењето на глечерите ја помести границата меѓу Швајцарија и Италија, со што локацијата на италијански планинарски дом стана спорна.
-
Тик Ток воведува опција – ќе се вклучуваат преводи за видеата
Во најновото ажурирање, TikTok носи нова опција за автоматско натпис што може да се користи за секое видео на платформата.
-
3 НАВИКИ КОИ ГИ ИМАЛ НИКОЛА ТЕСЛА ЗА ПОДОБРА РАБОТА НА МОЗОКОТ: Советите од најголемиот гениј ќе ви го променат животот
Еден од најголемите генијалци следел навики за кои верувал дека го изоструваат неговото размислување.
-
Иран со закон ќе забрани чување домашни миленици, дури и персиски мачки
Иранскиот парламент наскоро ќе донесе закон со кој ќе се забрани чувањето домашни миленици. Според предложениот закон, за да се поседува миленик, ќе мора да се добие дозвола од специјален комитет. Ќе се воведе и минимална казна од околу 800 долари за увоз, продажба, купување, транспорт и чување на разни животни, вклучувајќи мачки, желки и зајаци.
-
Скриена плажа на Јадранот, прогласена за најубава во Европа
Плажата Пасјача во Конавле, Хрватска последниве години привлекува се повеќе посетители, а овој скриен бисер на Јадранот своевремено беше прогласен за најубава плажа во Европа.
-
Бетовен подготвувал кафе од 60 зрна, Микеланџело не се капел: Необичните навики на историските личности
Композитори, писатели сликари, освен што направиле позитивни работи за човештвото, нив ги поврзува и тоа што имаат многу необични навики, како за нивното време, така и за нашето време.
-
Македонскиот Јазик меѓу најтешките јазици за изучување!
Иако не постои единствен одговор на прашањето кои јазици се најлесни или најтешки, еден од најчесто цитираните извори е Foreign service institute (FSI), систем кој ги рангира јазиците според тоа колку време вообичаено е потребно за оние од англиското говорно подрачје да научат одреден јазик.
-
За 250 милиони години од Скопје до Торонто ќе се оди по копно
Континентите на планетата Земја секојдневно се движат. По многу малку и незабележително, но движењето дефинитивно се случува. И тоа отсекогаш било така.