Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Симпатични и необични ‘out of office’ мејлови
Време е за одмор... И неизбежните „пораки надвор од канцеларија“ кои го чекаат вашиот одговор сега може да причекаат. Колку труд и имагинација вложувате во нивното пишување?
-
Кинези направија ласерско пенкало кое пишува по воздух
Кинески научници од Лабораторијата Хунгтуо во Вухан направија ласерско пенкало чии можности се неверојатни
-
Instagram повторно изненадува - знаете за новата функција?
Досега видеата автоматски стануваа Reels доколку беа пократки од 90 секунди, па ова е огромна промена во функционирањето на оваа социјална мрежа.
-
Бањалучанец испржи јајце на плех загреан на сонце (ВИДЕО)
На речиси 50 степени, измерени на сончево место, ставиле плотна, додале масло и испржиле јајце.
-
Зошто не треба да пиете вода од шише кое се загреало на сонце
Кога пластичното шише со вода стои подолго време на високи температури се зголемува нивото на хемикалијата БПА која е поврзана со бројни здравствени проблеми – намален имунитет, проблеми со репродуктивното здравје, невролошки проблеми итн.
-
Розово небо над Австралија, фарма за канабис „виновнa“ за се
Кога розев сјај го осветлил вечерното небо над еден австралиски град локалните жители се запрашале дали апокалипсата пристигнала.
-
Хороскопски знаци кои ќе бидат магнет за пари до крајот на годината
Парите просто ќе се лепат за вас.
-
Германците штедат на се, само на една работа не!
Зголемувањето на цените ги принуди германците да штедат повеќе од вообичаено – и на храна, на производи за хигиена, а избираат и поевтина облека.
-
Дали знаевте дека во минатото жените се разведувале поради недостаток на кафе?
Дали сте зависни од кафето? Дали можете да го замислите вашиот живот без овој напиток? Доколку би биле лишени од вашиот омилен пијалак дали би побарале развод?
-
Колку време би требало да трае идеалното летување?
Иако се чувствувате дека би можеле да бидете на одмор засекогаш, всушност постои одреден број на денови кој е идеален за вашето здравје.