Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Гугл отпушти инженер, тврдел дека една од програмите има човечка свест
Гугл го отпушти високиот софтверски инженер Блејк Лемоин, кој тврдеше дека неговиот чет-бот базиран на вештачка интелигенција „LaMDA“ има самосвест на седумгодишно дете. Гугл кој минатиот месец го испрати Лемоин на платено отсуство, рече дека тој ја прекршил политиката на компанијата.
-
Инстаграм им овозможи на корисниците да купуваат работи преку чат
Инстаграм доби уште еден новитет кој ќе биде особено корисен за оние кои купуваат работи преку Интернет.
-
Дали е ова најкомплицираниот надвозник во светот?
Прагматичните Кинези дојдоа до решенија за оние кои тргнале на погрешен правец.
-
Тешко ви е да се разбудите наутро? Вежбајте будење во 4 чекори
Се чини дека секој може да се претвори во утринска птица, а успехот е загарантиран ако ги испробате овие четири чекори, па ајде да започнеме.
-
Ледено кафуле во центарот на Прага нуди бегство од жештината на -7 степени Целзиусови
Леденото кафуле „Ајс паб“ во центарот на чешкиот главен град Прага нуди „арктички услови“ за кусо бегство од горештините што ја зафатија Европа.
-
Споделувањето на лозинките на Нетфликс веќе нема да биде бесплатно: Еве колку ќе наплаќаат
Во обид да спречи споделување лозинка, Нетфликс ја тестира можноста корисниците да плаќаат дополнителни три долари месечно доколку сакаат да ја споделат својата сметка со други луѓе.
-
Facebook прави промени – сака да привлече помлади корисници
Платформата Меtа објави дека работи на преуредување на главниот извор на вести (feed) во својата Facebook апликација за да му даде приоритет на „откривањето“ на нови содржини, наместо на објавите од профилите што ги следат корисниците.
-
Највозрасниот дипломец во Италија има 98 години
Џузепе Патерно, со своите 98 години, стана највозрасниот студент во Италија, кој добил диплома за завршено високо образование.
-
Египет ја укина забраната за фотографирање – го нарушува имиџот
Посетителите и жителите на Египет повеќе не мора да ги кријат фотографиите од египетските улици, откако Министерството за туризам објави дека сега е дозволено аматерско фотографирање на јавни места во земјата.
-
Оглас за работа: Се бараат дегустатори на чоколади
Годините не познаваат граница за оваа професија