Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Симбол што треба задолжително да го побарате на средството за сончање
Кремите за сончање се од суштинско значење овие денови, и тоа со добра причина, но бидете внимателни.
-
Маск и неговата компанија Тесла продадоа 75 отсто од биткоинот
Мултимилијардерот Илон Маск, поточно неговата компанија Тесла, инвестираше 1,5 милијарди долари во биткоин на почетокот на минатата година, потпирајќи се на она што производителот на електрични автомобили го нарече „долгорочен потенцијал на дигиталната валута“.
-
Instagram доби нова функција која сигурно ќе ви се допадне
Она познатото „цена - инбокс“ сега добива сосема нова димензија.
-
Кина го изгради најдолгиот мост со еден потпорен столб во светот
Во понеделникот мост изграден во југозападна Кина ги помина сите тестови и со тоа стана рекордер – тоа е најдолгиот мост во светот со еден потпорен столб. Тестирањето започнало на 11 јули и траело 8 дена. Во текот на тестовите камиони кои носеле до 1.280 тони товар се возеле напред-назад по мостот Лужиџианг во провинцијата Јунан.
-
„Ако тие исчезнат, за 4 години ќе исчезне и човештвото“: Овие инсекти се прогласени за најважни суштества на нашата планета, а еве и зошто
Во 2019 година, меѓународниот „Earthwatch Institute“ на состанок на лондонското друштво „Royal Geographical Society“ ги прогласи пчелите за најважни суштества на планетата Земја.
-
Што да правите додека чекате соостанок на Meet? Google има интересна идеја
Договарањето состаноци пред и после пандемијата е сосема поинакво. Додека претходно требаше да се бара празна соба за состанок, да се договори состанок во време кога сите се слободни, денес е потребно само сите во исто време да седнат пред компјутер или мобилен уред и да ја користат истата платформа.
-
УНЕСКО го прогласи Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година
УНЕСКО го избра Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година, како прв француски град со таа титула, што почна да се одредува од 2001 година.
-
Емоџите одбележуваат 20 години користење во секојдневната комуникација
Светскиот ден на емотиконите се слави веќе 20 години за да се одбележи важноста на користењето емотиконите во комуникацијата во секојдневниот живот.
-
Директор на болница во БиХ набавил очила за заварување, наместо за контакт со заразени пациенти
Директор на болница во Босна и Херцеговина е осуден на 10 месеци затвор бидејќи за време на пандемијата на коронавирус набавил несоодветна заштитна опрема за медицинскиот персонал, купувајќи им очила за заштита од заварување наместо наменети за контакт со заразени пациенти.
-
Рекордна добивка на британска лотарија – 195 милиони фунти
Неименуваниот сопственик на лозот од Велика Британија освоил рекорден џекпот од 195 милиони фунти на лотаријата „EuroMillions“, соопштил организаторот на лотаријата „Камелот“.