Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Каде во светот работниците добиваат најмногу, а каде најмалку денови за годишен одмор?
Во оваа земја работниците можат да добијат и 36 платени денови за годишен одмор
-
Дали знаете од каде потекнуваат и колку чинат најскапите компири во светот?
Le Bonnotte е најскапиот компир во светот и се одгледува на островот Ile de Noirmoutier во Бискајскиот залив. Се смета дека е еден од најделикатните вкусови.
-
Еве што правел Тесла за подобро да му работи мозокот!
Познато е колку Тесла бил посветен на работата и дека целиот свој живот го посветил на своите изуми.
-
Студенти направија комбе кое може да се движи на сончева енергија
Група студенти од Холандија направиле комбе кое може да се движи на сончева енергија. Тие со комбето поминале 3000 километри. Се возеле од Ајндховен во Холандија, до Тарифа во Шпанија.
-
Apple нуди два милиони долари доколку успешно го хакирате iOS 16
Новата верзија на платформата iOS пристигнува со безбедносен режим, за кој Apple тврди дека е непробоен.
-
24 точки за перфектен работен ден
Одговорот лежи во 24 точки кои доколку ги користите секојдневно, тие и тоа како можат да ви бидат од корист во вашето работно секојдневие.
-
Овие европски земји имаат најдолг годишен одмор
Луксембург е една од најдобрите европски земји кога станува збор за должината на годишниот одмор.
-
Иновативно решение на една пивница: „Литар пиво за литар масло“
Една минхенска пивница пронашла нов начин како да го надмине недостигот на масло за јадење во Европа. Нивните гости плаќаат пиво со сончогледово масло.
-
Вака Илон Маск избира кого да вработи: Прочитајте ја загатката и дознајте дали би го поминале конфузниот конкурс
Илон Маск е најбогатиот човек на планетата кој има успешна кариера и многу љубовни врски, но сепак знае да создаде одличен баланс помеѓу приватното и деловното.
-
Ова се петте земји со најдобри пензиски системи
Пет земји со најдобар пензиски систем