Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Facebook не престанува да не изненадува: Еве што спрема за своите корисници
Социјалната мрежа Фејсбук тестира нова опција за своите корисници што би им овозможила креирање на повеќе профили од една сметка со цел да генерира поголем број на луѓе да се приклучат или вратат назад на платформата.
-
Кои се 10-те најплатени извршни директори
Најбогатиот човек на светот е и најплатениот извршен директор во 2021 година, објави магазинот Fortune.
-
Нов дом може да се купи со плаќање во натура
Кинески компании рекламираа договори за да им дозволат на луѓето да користат производи, вклучувајќи праски, лубеници и лук, како аванси за купување нови домови.
-
Како Зумба стана најголем фитнес бренд во светот?
Дали сте се запрашале како се појави фитнес програмата Зумба? За тоа е “виновен” Алберто (Бето) Перез од Кали, Колумбија, а се започна случајно.
-
Во Германија голема побарувачка за греалки поради страв од недостиг на гас
Германците, плашејќи се од недостиг на гас во есен и зима, купуваат повеќе електрични греалки, иако здруженијата за заштита на потрошувачите предупредуваат на неекономичноста од овој тип на греење.
-
И во хрватски железници не цветаат рози: Сите му се смејат на брзиот воз
Видеото од „брзиот“ воз кој сообраќа на релација Осиек-Сплит стана хит на социјалните мрежи, откако многумина беа воодушевени од брзината со која се движи.
-
Шест земји во кои е најтешко да се добие државјанство
И додека некои земји се целосно отворени за имигранти, други имаат строги услови за преминување на границата и уште потешки услови за добивање државјанство.
-
Се бара милионер на лото, не си ја подигнал наградата две ипол години
Германската лотарија бара добитник од милион евра на лото, кој две ипол години не ја подигнал добивката, а правото на тоа му истекува за половина година.
-
Фалсификување на зачини – Најранлив е синџирот на снабдување со оригано, следат биберот, шафранот, куркумата…
ЕУ произведува околу 100.000 тони зачински билки годишно, а увезува трипати повеќе, главно од Азија, Африка, Латинска Америка и Карибите. Во 2019 година, земјите членки увезле 379 илјади тони зачини од трети земји.
-
Повеќе од половина од младите користат TikTok и Instagram за пребарување
Речиси 40 проценти од Генерацијата Z претпочитаат пребарување на TikTok и Instagram наместо Google Search и Maps, според податоците на Google објавени од TechCrunch. Патем, генерацијата Z е дефинирана како оние родени помеѓу средината на деведесеттите и почетокот на 2010-тите.