Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Потрагата по една убавица од Егзит го крена Нови Сад на нозе
Новисаѓанецот Лазар Хребељановиќ, на секој начин се обидува да дојде до девојката која му „фатила око“
-
Шише шампањ било продадено за рекордна сума на пари – еве зошто е посебно
Шише шампањ продадено е за 2,5 милиони долари, надминувајќи го акцискиот рекорд и веројатно станувајќи најскапото шише со шампањ кое некогаш било продадено.
-
ПЕКОЛНА ТОПЛИНА ЈА НАПАЃА ЕВРОПА: Ова е најбрзиот начин да се излади автомобилот што седел на сонце
Доколку сте биле невнимателни и долго време сте го оставиле автомобилот на сонце, температурата во него може да достигне опасни температури од над 60 или 70 степени Целзиусови, па затоа е неопходно да се внимава во летните месеци.
-
Новото истражување покажува дека кучињата можат да помогнат во намалување на криминалот и зголемување на безбедноста во населбите
Новото истражување на Државниот универзитет во Охајо покажало дека населбите во кои има поголем број кучиња имаат тенденција да бележат помалку случаи на злосторства.
-
15 фрази коишто посакувате да ги кажете на работа
Сите понекогаш посакуваме да кажеме нешто што не смееме, особено на работното место. Еве неколку фрази што секој од нас, во одреден момент, посакува да ги упати некому на работното место:
-
Ова е најсреќниот град во светот
Доколку сакавте да го посетите најсреќниот град на светот, не мора да се стремите кон егзотични дестинации, каде се чини дека сонцето постојано сјае и сите се насмеани.
-
Годинашниот галички зет во носијата на легендарниот Александар Сариевски
Во Галичник, на падините на планината Бистра, на 15, 16 и 17 јули ќе грмнат тапаните и ќе се вие „невестинското оро“ на 48. „Галичка свадба".
-
Гејмерите имаат подобрена активност на мозокот и вештини за донесување одлуки
Истражувањето покажа дека играњето видео игри може ефикасно да се користи за учење како да се донесуваат одлуки, како и разни терапевтски интервенции. Се разбира, доколку претходно се идентификуваат соодветните мозочни мрежи, објаснуваат истражувачите.
-
Во Италија постои банка за сирење, кредитите и долговите може да се плаќаат со пармезан
Италијанската банка „Credito Emiliano“ однадвор изгледа како сосема обична и нормална банка. Луксузна зграда со портир на вратата, раотници на шалтери облечени во деловни одела, безбедносни ситеми на влезот, апарат за издавање на редни броеви…
-
Што вели статистиката, колку странски јазици говорат најголем дел од македонските граѓани?
Во однос на говорењето на странски јазици сме многу далеку зад Летонците, Литванците, Финците, Данците, Швеѓаните, Малтежаните, Словенците, а подобри сме од Бугарите и Романците.