Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Оваа жена руши рекорди, има 105 години и освојува златни медали во трчање
Рамбаи има 105 години, а тркачката кариера ја започнала минатата година и како што вели не планира наскоро да се откаже. Веќе освоила голем број златни медали на локални натпреварувања.
-
Рекорд во БиХ: 103-годишник 80 години зема пензија
Највозрасниот корисник на Фондот за пензиско осигурување на Република Српска има 103 години, а прима пензија 80 години, изјави директорот на Фондот, Младен Милиќ.
-
Голем интерес за Албанија – цените се уште еден доказ дека е ветена земја за летување
И годинава огромен интерес има за албанското крајбрежје.
-
Цела Европа би можела да остане без Фејсбук и Инстаграм
Европејците ова лето би можеле да останат без две од трите најпопуларни социјални мрежи во светот, бидејќи регулаторното тело на Ирска најави дека ќе го запре протокот на кориснички податоци во САД.
-
Фрлиле ѓубре покрај патот, полицијата им го одзела автомобилот а си добиле и "дебела" казна
Голф завршил запленет од полицијата во Романија, поради тоа што лицата кои патувале со него оставиле ѓубре покрај патот.
-
Добиле огромна казна затоа што паркирале пред сопствената куќа
Брачен пар од Сан Франциско е казнет со 1.500 долари поради паркирање пред нивниот дом. Тоа е нешто што двајцата го правеле скоро 40 години, но градскиот оддел за планирање вели дека нивните навики за паркирање го прекршуваат законот.
-
Колку автомобили има во Европа по глава на жител и каде Македонија
Дали знаете колку автомобили има во Европа по глава на жител?
-
Еве во кои земји работниците се најзадоволни
Според последниот извештај на Randstad Workmonitor, ова се земјите каде што работниците се најзадоволни.
-
Одите на одмор? Google Maps може да работи совршено и без интернет, еве како..
Ако одите на патување и немате интернет или додатоци за роаминг, добрата вест е дека Google Maps може да работи совршено и без интернет.
-
Twitter почна судски спор – Маск ќе мора да плати над милијарда долари отштета
Откако Маск сите ги изненади со својата објава за купување на Twitter, а потоа исто така изненади со објавата дека се откажува од купувањето, но сега изгледа дека целиот случај ќе се претвори во вистински хаос. Имено, од Twitter порачаа дека сепак имаат намера да го натераат Маск да ја купи социјалната мрежа или да ги сноси последиците.