Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Вештачка интелигенција на плажа: Ги следи морските струи и ги предупредува спасувачите и капачите
Властите на префектурата Кангава, јужно од Токио, одлучија оваа година да „вработат“ вештачка интелигенција на својата плажа со цел, откако плажата беше затворена две години поради КОВИД-19, да им помогнат на спасувачите и да спречат можни давења.
-
Грција, Италија и Швајцарија даваат пари да се преселите таму
Лиценцираниот финансиски советник Фреди Фајненс објасни кои три земји ви нудат пари за да се преселите и да живеете таму.
-
Вработен во Бургер Кинг 27 години не земал слободен ден - преку интернет собрале над 300.000 долари да го види своето семејство
Вработениот во Бургер Кинг, Кевин Форд, никогаш не пропуштил ниту еден работен ден во 27-те години што ги поминал како готвач на локацијата на аеродромот во Лас Вегас Мекарен на ланецот ресторани.
-
Ова е најбараната професија - информатичките и комуникациските професиoналци се на третото место
Ова е најбараната професија - информатичките и комуникациските професиoналци се на третото место
-
Го сруши Гинисовиот рекорд: 86 годишната од Бостон работи како стјуардеса повеќе од 65 години
86 годишна жена од Бостон го собори рекордот како стјуардеса со најдолг стаж во светот, потврдија Гинисовата книга на рекорди, објавија локалните американски медиуми.
-
Студија на NASA потврди: 5 куќни растенија кои помагаат во намалување на температурата во домот
Дали сте знаеле дека и растенијата можат да го изладат вашиот дом?
-
Македонски шеф со светско искуство ги советува газдите: "Намалете ги менијата"
Под итно скратете ги вашите менија и наместо досегашните 50 и кусур ставки на менито сведете ги на минимум. Така ќе ги намалите и трошоците и отпадот од храна, а ќе го подобрите квалитетот, советува шеф Виктор Настески.
-
Новото истражување покажува дека астронаутите за 6 месеци ги оштетуваат коските во вселената како за 20 години на Земјата
Новото истражување покажува дека астронаутите на 6-месечна мисија доживеале загуба на коскената маса која е еквивалентна на 2 децении на Земјата, со тоа што вселенските патувања исто така вршат притисок на кардиоваскуларниот систем и ја зголемуваат изложеноста на зрачење.
-
Инвестирање во луксузни часовници – попрофитабилно од криптовалути
Интересот за колекционерски предмети од стари модели на часовници достигна врв за време на пандемијата на коронавирусот
-
Вака Илон Маск бира кој ќе вработи во неговите фирми: Прочитајте ја загатката и дознајте дали вие би го поминале конкурсот
Новинарот Ешли Ванс во книгата „Илон Маск: Тесла, Спејс Икс и потрагата по фантастична иднина“ открил по кои критериуми славниот милијардер ги бира своите вработени.