Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
На овој остров има плажа на која песокот е ладен и на +40!
Салиара или Мермерната плажа на Тасос е секако една од најубавите благодарение на мермерните камчиња обликувани од водата. Толку се бели што имате впечаток дека одите по песок.
-
Облакодер каде сопствениците ќе ги паркираат автомобилите во своите станови без разлика на кој кат живеат
Во Јужна Флорида се гради зграда којашто ќе има 62 ката и ќе вклучува 200 луксузни апартмани наменети за богати клиенти кои бараат дискреција.
-
Фотографија која ги скара автошколите и судот, а го подели и мислењето на јавноста: Кој има првенство на минување во оваа ситуација?
Фотографија од една крстосница предизвикала полемика на социјалните мрежи, а ниту судскиот вештак ниту инструктор по возење не се согласиле во тоа кој има првенство на минување.
-
Готвачи открија – како да препознаете дали некој ресторан е добар или лош
Корисник на Редит ги прашал готвачите на кои работи треба да се обрне внимание при посетата на ресторан за да ги избегнат лошите ресторани. Корисниците на Редит великодушно ги споделија своите мислења, а некои од нив се претставија и како готвачи, пренесува Дневник.хр.
-
Голем месечен хороскоп за јули 2022
Некои знаци ги очекува поволен период за покачување и подобрување на финансиите, други можни проблеми на работното место
-
5 корисни работи кои може да ги научите само од богатите луѓе
Животот не е едноставен, без разлика на тоа дали имате или немате пари. Но, богатите луѓе и милионерите имаат различни проблеми.
-
Пониски сметки за струја за 1.000 денари, пробајте ги овие трикови
5 трикови кои ќе ви помогнат да ги намалите сметките за струја за 50 проценти!
-
Модните брендови смислија како да ја користат технологијата за да се заштитат од фалсификатите
Фалсификатите се голем проблем за врвните дизајнери ширум светот. Поради нив, луксузните модни брендови изгубија продажба во вредност од 98 милијарди долари само во 2017 година.
-
Верувале или не, ова не е шума туку само едно стебло
Натал е главен град на сојузната држава Рио Гранде ду Норте на североистокот на Бразил, а на светот му е познат и како место во кое расте најголемото дрво со индиски ореви.
-
Венеција од јануари на “fast food” туристите ќе им наплаќа 10 евра за влез
Туристите кои сакаат да направат кратка прошетка низ Венеција, без туристички водич, од почетокот на следната година ќе треба да плаќаат такса на градските власти.