Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Хрватска е најпосакуваната земја за дигиталните номади
Сè повеќе дигитални номади со задоволство ја избираат Хрватска за работна дестинација, што го потврдува и најновата веб-страница на Nomadlist.com, според која Хрватска повторно го зазеде второто место на листата на топ 10 најатрактивни земји за овие вработени.
-
Директор на вредна компанија си дал отказ: „ЌЕ СЕДАМ НА ПЛАЖА И НИШТО НЕМА ДА ПРАВАМ“
51-годишниот извршен директор на лондонската инвестициска фирма вредна 68 милијарди долари рече дека ја напушта фирмата во октомври за да се упати на плажата
-
Сте слушнале за феноменот „shrinkflation“? Еве како во Германија ги "лажат" потрошувачите
Во Германија експертите кои ги анализираат цените на пазарот, посочуваат на „скриени зголемувања на цените“, бидејќи се повеќе производи – за иста цена – содржат сè помала количина.
-
Еден од најголемите крузери на светот ќе тргне на своето прво, a воедно и – последно патување
Плановите за крузерот „Global Dream II“, еден од најголемите крузери на светот, пропаднале поради банкротот на неговите градители.
-
Airbnb трајно ги забрани куќните забави ширум светот
Airbnb трајно ги забрани забавите и другите веселби бо куќите кои ги изнајмува на својата платформа. Одлуката ја донесоа откако привремените мерки во текот на пандемијата се покажаа популарни кај домаќините.
-
Постојат ЧЕТИРИ бои на пасоши во светот: Дознајте зошто нашиот е црвен, а што претставуваат другите бои
Можеби никогаш не сте помислиле на бојата на вашиот пасош, но веројатно сте забележале дека овој документ за патување го нема во многу колоритни изданија. Постојат 4 примарни бои на пасоши во светот и секоја земја има причина за избор на една од нив како боја за корицата.
-
Почнува новата сезона на скопскиот Аква парк
Од Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ го најавија отворањето на скопскиот Аква Парк! Како што информираат оттаму, Аква Паркот ќе биде отворен од петок, 1. јули, а ќе работи секој ден од 10 - 18 часот. И сезонава Аква Паркот ќе биде место за вистинско разладување, уживање во водени лудории и многу забава!
-
Еве поради што ќесичките со чипсови се полупразни – после ова сè ќе ви биде јасно
Често кога ќе ги отвориме ќесичките со чипс или пак други грицки, ни делува како да има повеќе воздух отколку тоа што ние го сакаме.
-
Од следната година возете го автомобилот со помош на џојстик
Секој ден сè повеќе напредуваме, па прашање на време беше кога некој ќе се сети на воланот во автомобилот.
-
Случајно му исплатиле 330 пати поголема плата: Работникот преку адвокат го раскинал договорот и побегнал
Случајно му исплатиле 330 пати поголема плата: Работникот преку адвокат го раскинал договорот и побегнал