Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Научниците докажаа дека едно пиво на ден е добро за здравјето! Зошто?
Најновите истражувања потврдуваат дека едно пиво на ден не ја зголемува телесната тежина или маснотиите во крвта.
-
Езеро среде море: Хрватско чудо на природата, каде водата достигнува над 30 степени
Езерото се вика Мир и прави чуда со околниот пејзаж.
-
Јапонец изгубил УСБ на кое се наоѓале лични податоци на речиси половина милион луѓе
Јапонец, чиј идентитет не е познат, изгубил УСБ на кое се наоѓале лични податоци на речиси половина милион луѓе. Тоа се случило откако се напил во еден ресторан во градот Амагасаки, северозападно од Осака.
-
Милано ги затвора фонтаните поради суша
Поради долготрајната суша на северот на Италија, градското подрачје на Милано сака да исклучи некои од своите фонтани.
-
Нов профитабилен бизнис: Фабрички реновирани половни автомобили
Рено опреми специјална фабрика која се занимава исклучиво со уредување на половни автомобили.
-
Дали ве нервира CAPTCHA? Новиот iOS има решение
За оние корисници на кои им пречи постојано да внесуваат CAPTCHA текст или да ги пронајдат дадените термини, за да пристапат до некоја страница, решението доаѓа во iOS 16 верзијата.
-
Плажата Гренен е местото на кое се среќаваат две мориња, но никогаш не се спојуваат
Средбата на двете мориња што никогаш не се спојуваат е уникатен феномен, кој може да се види во градот Скаген, кој се наоѓа на северот на Данска. Границата помеѓу Северното и Балтичкото Море може да биде јасно видена од плажата Гренен.
-
Еве што се случува доколку цел ден ви се затворени прозорците, а надвор е топло
Дали е штетно прозорците да ни се затворени цел ден? Еве го одговорот!
-
Зошто во лето, на високи температури, автомобилите имаат послаби перформанси?
Падот на перформансите на топло време е речиси невозможно целосно да се спречи, но тоа не значи дека има проблем со вашето возило
-
Каде на светот можете најлесно да се збогатите?
Харалд Еја (56), норвешки социолог, аналитичар и хуморист и стенд-ап комичар, со години ги анализира богатите луѓе и глобалната распределба на богатството.