Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
11 месеци по ред опаѓа продажбата на нови возила
Последните податоци на Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA) покажуваат дека регистрациите на нови автомобили во мај 2022 година достигнале ниво од 791.546 единици.
-
Истражување – Зошто не можеме убаво да се наспиеме во друг кревет?
Повеќето од нас имаат потешкотии при спиењето во друга средина, како на пример во нова куќа или во хотел. Тоа научниците го нарекуваат „ефект на првата ноќ“ и според едно ново истражување претставува некој вид на одбранбен механизам.
-
Што се случува во мозокот додека спиеме?
Сонот служи за клетките да се исполнат со енергија, да се исфрли отпадот од мозокот и да се потикне учењето и меморијата. Исто така игра важна улога и во регулирањето на расположението, апетитот и либидото.
-
Дали бојлерот троши повеќе струја кога е постојано или привремено вклучен?
Често се прашувате кога и колку време да го вклучите бојлерот притоа да заштедите што е можно повеќе? Како да заштедите повеќе, ако котелот е вклучен 24 часа или ако го вклучите само за време на евтина тарифа?
-
Рекорд: Продадени 6,6 милиони електрични возила
Продажбата на електрични автомобили во светот, вклучително и целосно електрифицирани и plug-in хибриди, се удвои во 2021 година, достигнувајќи нов рекорд од 6,6 милиони, се вели во извештајот на Меѓународната агенција за енергија (IEA) „Преглед на глобален пазар на електрични возила“.
-
Лак за нокти и паста за заби: Дали „домашните средства“ можат да ги санираат проблемите со оштетена боја на возилото?!
Кога тема е одржување на автомобилот, едно од најчестите прашања што се поставуваат е дали можеме сами да го направиме тоа? Заштедата денес е императив, па со помош на Google стануваме лимари, електричари, механичари…
-
Сателитскиот интернет на Илон Маск достапен и во Македонија
Македонија е една од првите држави во регионот во која е достапен Starlink, а наскоро е најавено и покритие во остантите земји од регионот.
-
Возилата на Tesla со систем за автопилот учествувале во најмногу несреќи во САД
Во извештајот објавен од Националната управа за безбедност на сообраќајот на автопатите (NHTSA) се наведува дека возилата на Tesla учествувале во 273 од вкупно 367 несреќи во кои учествувале возила со систем за автопилот од јули 2021 година.
-
Дваесет начини како да заштедите електрична енергија
Со зголемувањето на сметките за електрична енергија, многу домаќинства бараат начини да се намали потрошувачката на енергија. Со промена на некои мали навики драстично може да се намали потрошувачката на енергија.
-
Синиот канал кој ги запали мрежите: Популарно место каде што пливањето не е добра идеја
Интересот на туристите за посета уште повеќе се зголеми во последните неколку години откако се појави синиот канал во областа.