Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Најкратката и најдобра лекција за стрес
Еден психолог им го одржал следното предавање на своите студенти.
-
Почна најголемиот проект за 3Д печатени куќи во светот
Градежната компанија Alquist 3D доби барање од градоначалникот на гратчето Пуласки во Вирџинија за изградба на 3Д печатени домови во градот. Идејата сега прерасна во најголемиот 3Д печатен проект во светот.
-
Ќе се гради облакодер во кој жителите ќе може да ги паркираат автомобилите во своите станови
Кога ќе се изгради, Bentley’s Residences ќе биде највисоката станбена зграда покрај океанот во САД. Ќе се издигне на 62 ката на авенијата Колинс во таканаречената улица на милијардери во Санни Ајлс Бич, Јужна Флорида.
-
Адвокатката на Џони Деп по завршувањето на судскиот спор добила унапредување во нејзината адвокатска фирма
Адвокатката на Џони Деп, Камила Васкез, беше унапредена во нејзината адвокатска фирма, откако стана позната бидејќи го застапуваше актерот во случајот за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд.
-
Амазон започнува достава на пратките со помош на дрон
„Амазон“ планира да започне со испорака на некои од купените артикли со помош на дронови кон крајот на оваа година, објави американскиот гигант за е-трговија.
-
Како да заштедите пари за следниот годишен одмор?
Ако вашите примања не се доволно високи со одвојувања од 2-3 плати или со една месечна плата да си дозволите годишен одмор каков што посакувате, тогаш треба да почнете да штедите со време.
-
Не претерувајте со ладењето: КЛИМАТА навистина може да биде штетна за вашето здравје
Треба да го одржувате на вистински начин
-
Дали знаете ЗОШТО ФАРМЕРКИТЕ СЕ СИНИ: Не е случајно, а причината е многу интересна
Веројатно не сте знаеле зошто фармерките се главно сини.
-
Ниту Грците не можат да си дозволат одмор во својата земја – ноќ од 100 евра, лежалки колку една просечна плата
Поради економската криза во земјата, многу од дестинациите за одмор во Грција станале исклучително скапи, толку многу што ниту просечен Грк не може да си дозволи да патува во својата земја.
-
Вработените сакаат „workation“, газдите негодуваат!
Во последните две пандемични години, огромен број канцелариски работници во Германија работат од дома, а понекогаш и од плажа.