Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Сѐ уште носите маска? Експертите имаат неколку совети за вас
По повеќе од две години борба со коронавирусот, се уште на некои места се носат заштитни маски, дел од луѓето и понатаму се поздравуваат со тупаница или лакт наместо со ракување, а многумина и понатаму ревносно ги дезинфицираат рацете, како и работните и останати површини.
-
Топ 10 земји во кои ќе се преселат милионерите во 2022 година
Се очекува оваа година околу 300 милионери да се преселат на Малта, се вели во написот на веб-страницата на консултантската фирма Henley and Partners.
-
„Амазон“ започнува испораки со помош на дронови
„Амазон“ планира да започне со испорака на некои од купените артикли со помош на дронови кон крајот на оваа година, објави американскиот гигант за е-трговија.
-
Coca-Cola и Jack Daniel’s пуштија заеднички пијалок
Coca-Cola и сопственикот на брендот Jack Daniel’s – Brown-Forman најавија дека ќе лансираат пијалок наречен Jack & Coke.
-
Кралицата Елизабета стана монарх со втор најдолг стаж во историјата
Кралицата Елизабета Втора стана вториот најдолговечен монарх во историјата.
-
Пет работи што не ги знаете за Македонија
Историчарите велат дека постојат неколку работи за Македонија што најверојатно ги знаат само мал број луѓе.
-
Колку клима-уредот во автомобилот ја зголемува потрошувачката на гориво?
Одржувањето на поднослива температура во кабината на автомобилот за време на патувањето станува клучно кога ќе дојде летото.
-
Нема повеќе вработувања „преку врски“: Државните службеници во Хрватска ќе се бираат преку алгоритам
Хрватскиот министер за правда Иван Маленица одлучи да стави крај на вработувањата „преку врски“ во државната администрација, поради што беше распишан тендер за целосна дигитализирање на приемниот процес.
-
Преполовете ја сметката за струја: Кога ќе слушнете кој уред троши најмногу киловати, веднаш ќе го исклучите
Со тоа што не ги исклучуваме од штекерот апаратите во домаќинството, ризикуваме многу високи трошоци
-
Овој хрватски град е вклучен во листата на најубави приморски градови во Европа
Реномираниот магазин за патувања Condé Nast Traveler состави листа на најубавите приморски градови во Европа. Првото место го зазеде Истра, односно градот Ровињ.