Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Заработила 80.000 долари продавајќи го ѓубрето кое го собирала од куќите и продавниците
Тифани Батлер од Тексас во изминатите две години заработила околу 80.000 долари продавајќи го ѓубрето кое го собирала од котејнерите. Батлер е мајка на четири деца, а собирањето на ѓубре вели дека го почнала како хоби.
-
Збогум за „Internet Explorer“
„Internet Explorer“ не беше првиот прелистувач. Пред него се појавија „TheWorldWideWeb“, „Lynx“ и „Mosaic“ и секој од нив го заслужува своето почесно место во историјата на Интернетот.
-
Телефонските говорници во Њујорк заминаа во историјата
Прославувајќи го крајот на една ера, властите на Њујорк вчера ги отстранија речиси сите телефонски говорници, кои во последните години станаа жртви на сеприсутноста на бесплатните ВиФи и мобилните телефони.
-
Ова е најстрого чуваната тајна на Белата куќа: Една жена одлучувала апсолутно за сè, а за тоа добивала по 3.000 долари месечно
Некогашната прва дама Ненси Реган вовела астролог во претседателскиот дом за да го заштити својот сопруг.
-
Ryanair очекува во летните месеци пополнетост на авионите до 94 отсто
Директорот на авиокомпанија Рајанер (Ryanair), изјави дека очекува пополнетоста на авионите да биде на ниво пред пандемијата со Ковид-19.
-
Истражување: Секој петти работник ќе даде отказ до крајот на годината
Според најновото истражување на експертите се смета дека, секој петти вработен најверојатно ќе ја смени работата во следните 12 месеци.
-
Како некогаш се славел Денот на младоста во Југославија?
Денот на младоста беше еден од најголемите празници во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, кој се одбележуваше на 25 мај, а се прославуваше од 1945 до 1988 година.
-
YouTube воведува нова функција – претходно беше достапна само за корисниците на Premium
YouTube одлучи да ги израдува своите корисници со нова функција.
-
5 работи за кои никогаш не се зборува: Во овие ситуации тишината е злато!
Дали некогаш сте имале чувство дека сте зборувале за нешто многу, а тоа завршило неуспешно? Мудрите луѓе советуваат дека некои работи за себе не се откриваат никому, туку треба да се чуваат како скапоцена тајна. И има добри причини за тоа.
-
Дали имате некој од овие мобилни телефони? WhatsApp има лоши вести за некои корисници
WhatsApp планира наскоро да ја прекине поддршката за iOS 11 и iOS 10, поради што сите сопственици на iPhone 5 и iPhone 5c ќе ја изгубат поддршката за своите уреди на 24 октомври оваа година.