Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Google Maps добива уште една нова опција која ќе ве одушеви
Google Maps има нова алатка за Immersive view која го комбинира Street View и фотографии направени од воздух за да овозможи виртуелно истражување на градовите. Со новиот Immersive View ќе можете да видите каква е некоја населба, какви ресторани има, па дури и да имате чувство како да сте биле таму пред и физички да го посетите.
-
Произведена ткаенина која ги впива стакленичките гасови
Текстилната индустрија има голем карбонски отпечаток на средината, поради што многу модни гиганти се под голем притисок да го решат тој проблем.
-
Се отстрануваат 1,5 милиони апликации од „Google Play“ и „App Store“?
Пред извесно време се говореше за тоа како „Apple“ и „Google“ планираат да отстранат апликации од „App Store“ и „Play Store“. Критериумот за отстранување на апликацијата е немањето нови верзии во изминатите две или повеќе години. Така, секоја апликација што ја имаше последната надградба пред повеќе од две години оди под гилотина.
-
Продаден најскапиот автомобил во светот: Мерцедес инкасира 135 милиони евра
Германската компанија Mercedes-Benz за CNN потврди дека неодамна од музејската колекција во Германија е продаден редок автомобил, модел Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut Coupe од 1955 година за 135 милиони евра.
-
Кој е најкупуваниот смартфон од почетокот на годината?
И покрај сериозните проблеми со снабдувањето и недостигот на компоненти, еден од најскапите паметни телефони на пазарот се најде на врвот на најпродаваните модели од почетокот на годината.
-
Кој колку заработува во Германија – платите за најпопуларните професии
Магазинот Феникс објави месечни бруто плати за 100-те најпопуларни професии во Германија.
-
Најдобрите ритуали на Швеѓаните: Дали знаете што е „фика“ и што прават во среда?
Швеѓаните се необичен, посебен народ. Вредни се, но исклучително ја ценат паузата за кафе; скромни се, но нивното знаме се наоѓа насекаде и иако на прв поглед изгледаат студено како климата која ги опкружува, кога ќе ги запознаете ќе сфатите дека се топли како сауна.
-
TikTok влегува во гејминг индустријата
TikTok планира да се пробие во индустријата за игри. Компанијата веќе тестира видео игри во Виетнам. Овој потег е дел од плановите за сериозен влез во гејмингот, велат експертите.
-
Nissan и Mitsubishi претставија мини електрични автомобили за по 15 илјади долари
Јапонските производители на автомобили Nissan Motor Co. и Mitsubishi Motors Corp. претстави две нови електрични мали возила, надевајќи се дека локалните потрошувачи, кои моментално го занемаруваат овој вид на мобилност, ќе ги привлечат малите автомобили на батерии, пишува Bloomberg.
-
Првите автомобили во Македонија: 1905 година веќе го имавме првиот автомобил
Првото парно возило со сопствен погон било измислено при крајот на 17-тиот век од Фламанскиот свештеник Фердинант Вербист во 1678 кој го демонстрирал својот парен автомобил. Овој автомобил бил направен за кинескиот цар.