Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Netflix дели откази поради загуба на претплатници, во првиот бран ќе отпушти 150 луѓе
Netflix отпушти околу 150 вработени, еден месец откако објави дека губи претплатници за прв пат по десет години.
-
Матурска парада 2022 - матурантите повторно ќе танцуваат
По двегодишна пауза поради пандемијата со коронавирус Ковид-19, овогодишната „Матурска парада“ во сите земји учеснички ќе се одржи на 20.5.2022 година, точно напладне, во 12:00 часот.
-
„Веќе потрошив се, жал ми е“: На Јапонец на кого по грешка му биле уплатени 357.000 долари ги прокоцкал парите и побегнал
24-годишниот Јапонец, на кого по грешка на сметката му биле уплатени 46,3 милиони јени, ги потрошил сите пари коцкајќи се он-лајн.
-
Во град со 25 милиони жители не е продаден ниту еден автомобил во април
Во еден од најнаселените градови во Кина, Шангај, минатиот месец не беше продаден ниту еден автомобил, а причината се строгите мерки за контрола на пандемијата.
-
Интересни факти за планината на виножитото во Перу
Перу, третата јужноамериканска држава по големина, зафаќа површина од околу 1300 милиони km2, позиционирана меѓу Еквадор, Бразил, Колумбија, Боливија и Чиле и секако моќниот Пацифик на запад. Површината на оваа држава е околу 50 пати поголема од површината на Македонија. Целата Перуанска територија припаѓа на Андите и Амазонија.
-
Нова понуда во Германија: Хамбургер со банани, јагоди, маслинки, шлаг
Германски „Бургер кинг“ воведе нова понуда на хамбургер – за трудници, а тоа стана интернет-хит поради комбинациите што содржаат, покрај плескавица, секако – и банани, сладолед од ванила, јајца, маслинки, палачинки, свежи малини, шлаг… Изборот околу тоа што сѐ ќе содржи сендвичот, сепак, е на купувачката…
-
Вторник е најпродуктивниот ден во неделата!
Дали навистина вторник е најпродуктивниот ден во неделата? Според едно истражување, вторник бил најпродуктивниот ден од започнувањето на истражувањето во далечната 1987-ма година, па се до денес.
-
Јапонија ги отвoра границите, но само за „тест туризам”
Јапонските власти овој месец ќе започнат да спроведуваат „тест туризам” со ограничени пакет-аранжмани, како начин да добијат информации пред повторно целосно отворање на земјата за туристички посети.
-
Сакате да пиете кафе со млеко и шеќер? - Тогаш ќе си доплатите за тоа задоволство
Во Германија инфлацијата е на високо ниво, па домаќинствата се борат против скапиот бензин, дизелот, струјата и зголемените животни трошоци.
-
Само една недела одмор од социјалните мрежи ја намалува депресијата и анксиозноста
Луѓето кои седум дена се одморале од платформите како ТикТок, Инстаграм, Твитер и Фејсбук пријавиле дека се чувствуваат подобро, покажало истражување на Универзитетот Бат во Велика Британија.