Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
ДВЕ КАФИЊА И ЧАЈ- 12 ЕВРА! Сметката од црногорското приморје предизвика бурни реакции на социјалните мрежи
На нашите простори веќе некое време на социјалните мрежи се „шират“ сметки од кафулиња и ресторани, бидејќи луѓето често се чудат кога треба да платат - особено ако се работи за пијалок.
-
Португалија ја гради најголемата пловечка соларна централа во Европа
Португалската компанија за електрична енергија EDP ја завршува инсталацијата на најголемиот пловечки фотоволтаичен парк во Европа, што ќе ѝ овозможи на Португалија да ја забрза својата транзиција кон обновливи извори на енергија од јули.
-
Сопственикот на ресторан вовел плаќање карта - "Секој гостин да плати 3 евра за влез"
Сопственикот на еден ресторан вовел плаќање карта до објектот за секој гостин што ќе дојде да јаде, освен ако не се работи за деца.
-
Омилена храна на кралицата Елизабета 60 години: Печена риба со зеленчук, овошје и темно чоколадо
Британската кралица Елизабета Втора 60 години јаде иста храна, а за тоа се грижат 20 готвачи кои секој ден и подготвуваат мени, при што таа избира што ќе јаде тој ден.
-
Прва детска апликација за читање и за слушање книги наскоро во Македонија
Тмот на Ретинг од Скопје ја развива првата македонска детска мобилна апликација за читање и слушање книги – Boksy.
-
Ова е Пуду – најмалиот и најслаткиот елен на светот
Најмалиот елен на светот ги воодушеви корисниците на Редит откако неговите фотографии беа објавени на таа социјална мрежа.
-
Таа беше последниот патник од Титаник – петгодишната Лилијан го преживеа бродоломот, почина во сон на 99 години
Американката Лилијан Гертруд Асплунд, која беше последниот преживеан патник во бродоломот на Титаник во 1912 година во кој загинаа 1.523 лица, продолжила да плови во животните води уште 94 години. Таа починала во сон на 99 годишна возраст на 6 мај 2006 година во Шрузбери.
-
Интересни факти за спиењето кои СИГУРНО не сте ги знаеле
Според истражувања направени од стручни лица, дојдено е до интересни факти поврзани со спиењето.
-
Голем Град, последното скривалиште на природата
Група научници од Европа, организирани од Македонското еколошко друштво – МЕД, веќе 15 години истражуваат една таква зачувана природа – македонскиот остров Голем Град, кој се наоѓа во водите на Преспанско Езеро.
-
Палма де Мајорка ќе дозволи закотвување на најмногу три крузери дневно
Палма де Мајорка, што има 419.400 жители и се наоѓа на шпанскиот остров Мајорка, го ограничи пристигнувањето туристички крузери, на три дневно. Со тоа, стана втор град на Медитеранот со ваква мерка, веднаш по Дубровник, јавија шпански медиуми.