Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Најголемиот дијамант на аукција досега – вреден меѓу 20 и 30 милиони долари
„Камен“ или „рок“ (The Rock) е бел дијамант од 228,31 карати кој наскоро ќе се најде на аукција.
-
Првиот вселенски хотел ќе биде реалност за 5 години
Американска корпорација ќе го изгради првиот вселенски хотел за 5 години.
-
Познатиот јапонски уметник испеа нова македонска песна
Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу објави уште едно видео во кое ја пее познатата македонска песна „Едно име имаме“.
-
Иднина без лозинки - доаѓа нова голема промена
Системот се базира на криптографија и „безбедносни клучеви“ (passkey) разменети преку телефонски и веб-услуги.
-
Македонските обичаи се изучуваат и на престижни европски универзитети
Обичаите кои со децении се негуваат во Кичевско-бродскиот и Мавровскиот регион за верскиот празник Водици, се изучуваат и на најпознатите европски универзитети.
-
Еве што ќе се случи со вашето тело доколку престанете да јадете месо
Ако размислувате да престанете да јадете месо – прочитајте го овој текст
-
Најскапиот зачин во светот чини 1.500 долари за килограм
Шафранот е растение кое има неодолива и магична моќ, растение во кое Клеопатра исто така се капела за да ги зачува нејзините магични моќи, а Александар Велики го искористил за да ги излечи раните.
-
TikTok ќе ја дели заработката со креаторите
TikTok имплементира нови начини, кои ќе им овозможат на креаторите на содржина да заработат пари од популарната платформа.
-
Гучи воведува плаќања со криптовалути
Луксузниот бренд Гучи одлучи да овозможи плаќања во криптовалути и за таа цел, кон крајот на овој месец во САД спроведува пилот програма за прифаќање на десет различни дигитални валути.
-
Тоа се нарекува добра инвестиција: Жена трговец со уметнички дела пронашла непроценлива, 2000 години стара римска биста во продавница за 35 долари
Лора Јанг, трговец со уметнички дела од Остин, купила непроценлива, 2000 години стара римска биста која исчезнала од Германија по Втората светска војна, за само 35 долари во продавница за половна и евтина стока во Тексас.