Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Светски компании кои знаат како да „ги придобијат“ вработените
70% од денот го поминуваме во канцеларија, тоа кажува колку е важно добро да го одбереме работното место и условите кои ни се нудат.
-
Не е воланот, ниту менувачот: Овој дел од внатрешноста на автомобилот е повалкан од тоалетот
До сега, според истраувањата, воланот и рачката на менувачот се сметаа дека се највалканите делови од кабината на автомобилот, но работите се менуваат.
-
Еден од најбогатите луѓе на светот вели дека сметката во банка не е најголемата мерка за успехот
Нето богатството на Ворен Бафет е проценето на над 116 милијарди долари, па многумина токму него го слушаат кога зборува за тајните на успехот и деловните резултати.
-
И лошата реклама е добра реклама- „ДОЈДЕТЕ ДА ГО ПРОБАТЕ НАЈЛОШОТО КАФЕ ДОСЕГА“: Потегот на сопственикот на ресторанот ги воодушеви сите
Еден италијански ресторан во Велика Британија ги насмеа и воодушеви гостите со нивниот потег.
-
Една од најголемите компании загуби 26 милијарди долари поради лажни вести
Алибаба, кинескиот гигант за онлајн трговија чиј ко-основач е познатиот Џек Ма, во вторникот доживеа пад на акциите во Хонг Конг за цели 9,4 отсто.
-
На што се должи вртоглавиот успех на ZARA!?
Зара својата облека ја произведува во Шпанија и може многу брзо да вади нови дизајни. Од друга страна, повеќето корпоративни стоковни куќи само ги модифицираат туѓите дизајни и ги праќаат во азиските фабрики, каде работат слабо платени работници. Додека таа облека да се врати во продавниците, модата веќе поминала.
-
„Гугл мапс“ забележа „остров“ кој, всушност, не постои
Остров во јужниот Тихи Океан којшто можеше да се види на „Гугл мапс“ ги збуни и научниците кои истражуваа што има таму. Имено, истражувачите не успеале да најдат ништо, пишува „Мирор“.
-
Во океаните откриени планини шеќер
Ново истражување покажа дека на дното на океаните се наоѓаат огромни резерви шеќери за кои до сега не сме знаеле.
-
Го оставил автомобилот на аеродром две години - за да го земе мора да плати 8.000 евра
Цели две години, еден осамен автомобил стои на новозеландскиот аеродром чекајќи ги своите сопственици да се вратат, а без никакво изненадување, сметките кои досега ги собрал се прилично големи.
-
Мистериозна кутија од Југославија пронајдена во ѕид на куќа во Торонто: Ја отвориле и во неа пронашле богатство
Мала зелена метална кутија со потекло од Југославија, полна со документи од почетокот на 20-тиот век, била пронајдена во куќа во источниот дел на Торонто и пред неколку дена вратена на вистинските сопственици.