Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Burn/Out колективно врескање на три локации во главниот град
Отворена покана за учество на перформансот Burn / Out, на уметникот Ди Џанковиќ, кој ќе се одржи на 7 мај на три локации во Белград
-
Burger King со специјални бургери за бремени жени
Во пресрет на американскиот Ден на мајката (8 мај), брендот за брза храна Burger King реши на германскиот пазар да понуди специјални бургери кои ги задоволуваат необичните прехрамбени желби на бремените жени.
-
„Сименс“ го претстави моторниот воз на водород
Германскиот конгломерат „Сименс“ го претстави моторниот воз којшто се движи на водород, развиен со германскиот железнички оператор „Дојче бан“. Предвидено е да почне да сообраќа во 2024 година во регионалниот транспорт.
-
Косел – поствулканска појава или нешто друго?
Непосредно до селото Косел, во близина на градот Охрид, се наоѓа геолокалитетот Дувало. Овој геолокалитет јави големи дилеми меѓу околните жители, особено по долготрајните земјотреси во јули 2017 година кога поради исплашеноста на граѓаните излегоа најразлични претпоставки за настанувањето на тогашните земјотреси.
-
Грешки во резервациите поради кои може да ви се расипе летниот одмор
Не е лошо да резервирате одмор неколку месеци однапред - обично се фаќаме за некој попуст од прва минута, не размислуваме дали ќе има места за датумот што го посакуваме, имаме поголема понуда на дестинации. Меѓутоа, додека го планираме совршениот одмор, понекогаш се занесуваме и правиме грешки кои подоцна би можеле да ни ја расипат идилата.
-
Единственото место во светот во кое живеат само жени: Девојките ги повикаа заинтересираните ергени да им се придружат
Жените кои таму создале свој дом, цврсто веруваат дека сè можат сами, па дури и подобро од мажите.
-
Маж ги тужел своите пријатели кои освоиле милион долари на лотарија бидејќи не му дале ништо
Филип Цоцос од Онтарио, Канада ги тужел своите пријатели кои освоиле милион долари на лотарија бидејќи не му дале ништо.
-
Остров на кој автомобили може да имаат само оние кои ќе ги делат со другите
Повеќето од 3.000 жители користат велосипеди како главно превозно средство низ островот, за разлика од нивните соседи на островите Махе и Праслин, каде урбанизацијата го направи својот данок. На локалното население во Ла Диг не им требаат автомобили, а велосипедите за изнајмување и туристите лесно можат да ги најдат, за да можат да одат на плажа или подалеку за да го истражат островот.
-
Баба Тереза, последниот мајстор - зограф во селото - нејзините термини се исполнети со недели однапред
Баба Тереза која живее во село близу Сомбор, и е последниот мајстор-зограф. Иако има 76 години работи со љубов, а роковите и се пополнуваат неколку недели однапред.
-
"Ниту бракот со холограм не е песна" - Јапонецот повеќе не разговара со својата виртуелна сопруга
Акихико Кондо, јапонецот кој се ожени со холограмот на виртуелната поп ѕвезда Хатсуне Мику во 2018 година, откри дека повеќе не може да разговара со својата сопруга.