Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Познатата пиварница инвестира 53 милиони долари во реконструкција на пабови
Повеќе од 42 милиони фунти или 53 милиони долари ќе бидат инвестирани за прилагодување на пабовите на постпандемиските трендови, објави познатата холандска пиварница Хајнекен.
-
Ова е најпродаваниот автомобил во светот
Моделот „Форд Мустанг“ бил најпродаваниот спортски автомобил во светот минатата година, покажува анализата заснована на податоците за регистрација објавени од „С и П Глобал Мобилити“ (S&P Global Mobility).
-
Дали знаете како е создаден симболот на поп културата и на ’80 - тите?
На 22 јуни 1979 година, јапонската компанија Сони повика група новинари во паркот Јојоги во Токио и им даде в раце мали уреди поврзани со слушалки. Откако ги вклучија, имаа и што да слушнат: се роди преносен касетофон, наречен „Вокмен“. Иднината на омилениот „геџет“ за патувања штотуку започна…
-
Како да се сместите во подобра соба без доплата!?
Хотелското сместување е важен сегмент од секое патување, бидејќи хотелската соба е место кое го користиме за одмор, спиење и одржување на лична хигиена.
-
6 прашања кои треба да си ги поставите ако сакате да се иселите
Пред да одлучите да го спакувате куферот за да се преселите во друга држава, треба да си ги поставите овие 6 клучни прашања, кои ќе ви помогнат во донесување на конечната одлука за преселба:
-
Македон е мал генијалец: Решава задачи за средно и освојува медали, учи јазици за миг, галаксиите ги знае до детали
Македон Димитровски има само седум години и со леснотија решава математички задачи како за втора година од средно образование. Овој мал генијалец неодамна на Македонија ѝ донесе златен медал во натпревар по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет.
-
Најдобрите шефови во светот ги прават овие работи
Google не секогаш ги истакнувал своите менаџери. Во 2002 година, компанијата спроведе експеримент за да види колку шефови на сектори навистина се потребни со едноставно отстранување од позициите.
-
Промената на името на култната „Домаќица“ предизвика лавина негативни реакции
Откако хрватската компанија „Краш“ го промени името на култните кекси „Домаќица“, луѓето реагираа со негативни коментари и тоа не стивнува.
-
Бил Гејтс по разводот: Сам сум во вила со 18 бањи, децата ги нема, Мелинда го зеде кучето
Бизнисменот и еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, зборуваше за приватните детали од бракот и разводот со поранешната сопруга Мелинда.
-
Бафет објасни зошто никогаш не би купил биткоин и зошто таа криптовалута нема вредност
Биткоинот во последните неколку години станува сè поприфатен во традиционалниот свет на финансии и инвестиции, но тајкунот Ворен Бафет останува скептичен за биткоинот, пишува CNBC News.