Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
„Кока кола“ отвори продавница за висока мода во Лондон
„Кока кола“ ги отвори вратите на својата прва продавница за висока улична мода во лондонски „Ковент гарден“.
-
Исповед на келнер: „Не ми треба бакшиш, само барам родителите да си ги смират децата и да не оставаaт хаос“
Долги работни часови, минимални дневници, работење со секаков вид на луѓе...
-
Шефот на Airbnb им дозволи на работниците засекогаш да работат од далечина
Платформата за изнајмување сместување Airbnb објави дека планира да ги пушти своите вработени да живеат и да работат каде сакаат, додека другите компании се обидуваат да ги вратат своите работници во канцелариите по пандемијата.
-
Автономија од соништата: Мерцедес помина повеќе од 1.000 километри со полна батерија
На патот од Германија до Азурниот брег во просек трошел 8,7 kWh на 100 km.
-
Во Виетнам отворен најдолгиот стаклен мост во светот
Најдолгиот мост на светот со стаклен под беше отворен за сите патници кои се подготвени да го поминат помеѓу двете планини во Виетнам.
-
ФБИ декласифицираше дел од тајните документи: Дали може да погодите што значат некои кодови?
Со декласификација на документи во САД се открија и тајните шифри со кои се служела ФБИ.
-
Научниците мислат дека конечно откриле како настанал животот
Според една од главните теории за абиогенезата, животот на Земјата настанал од органските соединенија кои со себе ги донеле метеоритите.
-
Македонец победи во бугарскиот „Survivor“ – ОСВОИ 77.000 евра
Македонскиот режисер Зоран Петровски е победник на шестата сезона на бугарското шоу „Survivor“, пренесуваат бугарските медиуми.
-
За 3 години заштедила пари за стан: На социјалните мрежи споделила генијален трик за штедење кој сите можеме да го примениме
Шери Хауви ги воодушевила сите со својот начин на штедење пари, а вака можат да штедат сите кои имаат доволно големи примања за да ги покријат сите животни трошоци.
-
Канада воведува казни за прекршоци на Месечината
Канадската Влада до Парламентот поднесе предлог-измени на Кривичниот законик, околу казните за идните можни злосторства и прекршоци извршени на Месечината, објави Си-би-си.