Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Комплет страници од првата верзија на книгата за Хари Потер продаден за 37.500 фунти
Единствениот познат комплет страници од првата верзија на книгата на Џ. К Роулинг „Хари Потер и каменот на мудроста“, испечатени за потребите за рецензија, е продаден за 37.500 фунти откако предизвикал „приличен потрес“ на аукција.
-
Од писателка до наследничка на козметичка империја: Таа е најбогатата жена на светот
Франсоаз Бетанкур Маерс, внуката на основачот на L’Oreal, е најбогатата жена во светот со нето богатство од 74,8 милијарди долари, според Форбс. Нејзиното нето вредност се зголеми во последните 12 месеци на 73,6 милијарди долари. И тоа значително од 2020 година, кога изнесуваше 48,9 милијарди долари.
-
Поради "лабави" закони американските автомобили енормно го загадуваат воздухот
Регулаторната празнина им овозможува на производителите на автомобили како Форд и БМВ да произведуваат американски автомобили кои испуштаат повеќе ултрафини честички што му штетат на човековото здравје отколку еквивалентни модели што се продаваат во Европа и на другите пазари, покажуваат најнови истражувања.
-
Кои се омилените јадења на светските лидери?
Човечките навики во исхраната може да покажат склоност кон луксуз, екстраваганција или пак, обратно – едноставност, приземност и скромност. Некои пак, одат и до крајности, пишува египетскиот портал „Нунпост“ (NoonPost).
-
Дали сте приметиле: За што служи точката на копчето со бројот 5 на далечинскиот управувач или тастатурата
Испакнатата точка или цртичка, им го олеснува користењето на лицата со оштетен вид и тие можат да ја користат за да одредат каде се другите копчиња. Исто така, им помага и на луѓето со нормален вид кога го користат далечинскиот управувач во темница.
-
Ова се најпаметните луѓе на сите времиња: На листата од 24 личности, 4 се жени, а има и еден Србин
Интелигенцијата може да се мери на различни начини. Некои веруваат во тестови за интелигенција, други повеќе внимание им придаваат на емоционалната и социјалната интелигенција итн.
-
Италијанка ќе пешачи 22.000 километри од Венеција до Пекинг инспирирана од Марко Поло
Италијанката Виена Камарота (72) тргна пешки на патување долго 22.000 километри од Венеција до Пекинг. Таа ќе ја следи маршрутата на легендарниот трговец Марко Поло и неговиот Пат на свилата.
-
Кои се најевтините и најскапите ресторани со Мишелин ѕвезди?
Ѕвездите на Мишелин се Светиот грал на кулинарскиот свет.
-
Најстариот хотел во светот го води истото семејство веќе 52 генерации
Нишијама Онсен Кеиункан – јапонско одморалиште во близина на светата планина Фуџи, е домаќин на гости од 705 година од нашата ера.
-
„Пет часа“, омиленото правило на богатите
Томас Корли, американски деловен аналитичар, пред неколку години изврши истражување со цел да ги разгледа навиките на богатите. За петте години што ги собирал податоците, тој дошол до неколку важни заклучоци во врска со начинот на живот на милионерите и нивните навики: