Vrabotuvanje.com - Занимливости
Сподели
Tweet
Сподели

Занимливости

Повеќе

Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.

  • Најбогатиот Европеец ќе може да ја води LVMH до 80 години Најбогатиот Европеец ќе може да ја води LVMH до 80 години

    Во четвртокот, акционерите на LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton гласаа со 81,6 отсто за резолуција за продолжување на старосната граница на 80 години за нејзиниот долгогодишен претседател и главен извршен директор Бернард Арно, кој има 73 години, како извршен директор.

  • Земја која ги наградува послушните туристи Земја која ги наградува послушните туристи

    Проектот „Palau Legacy “ почна нова кампања за едукација на луѓето како да ја почитуваат животната средина и локалната култура во Палау. Отсега туристите ќе можат да уживаат во сите привлечности на оваа мала островска држава, но ќе мора да ја почитуваат нејзината традиција и природа.

  • Работен век за Гинис – работи во истата компанија веќе 84 години Работен век за Гинис – работи во истата компанија веќе 84 години

    Стогодишен Бразилец влезе во Гинисова книга на рекорди како човек со најдолг работен стаж во едно претпријатие на светот. Валтер Ортман од јужниот бразилски град Бруске поминал 84 години во текстилна компанија.

  • Светски ден на книгата Светски ден на книгата

    Книгите се сила за справување со современите предизвици, за разбирање на политичката и економската реалност и за борба со нееднаквостите и дезинформациите. Раскажувањето приказни е неверојатно ефикасна алатка за едукација на помладите генерации, вели Одре Азуле, генерална директорка на УНЕСКО, во годишната порака по повод Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 Април.

  • ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ: Дури ни кактусите не можат да ја поднесат жештината ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ: Дури ни кактусите не можат да ја поднесат жештината

    Како што се засилува глобалното затоплување, 60 отсто од видовите кактуси ќе се затекнат во помалку гостопримливи клими во наредните децении. Ова се резултатите од новото истражување, што ја доведува во прашање вообичаената претпоставка дека пустинските растенија ќе просперираат кога ќе биде потопло.

  • „Google“ ги укинува сите апликации за снимање повици „Google“ ги укинува сите апликации за снимање повици

    Компанијата планира да ги отстрани од „Play Store“ сите надворешни апликации за снимање телефонски повици на мобилните уреди.

  • Колку мегапиксели има човечкото око? Колку мегапиксели има човечкото око?

    Според научникот и фотограф, Д-р. Роџер Кларк, резолуцијата на човечкото око е 576 мегапиксели. Разликата е огромна доколку ова го споредите со камера од 12 мегапиксели од вашиот телефон. Но, што значи тоа? Дали човечкото око е навистина аналогно на камерата?

  • Ова е најстарото куче на светот Ова е најстарото куче на светот

    Чивавата Тоби влегла во Гинисовата книга на рекорди како најстаро куче на светот.

  • Apple достигнa рекорд – 20% од материјалите што ги користи се рециклирани Apple достигнa рекорд – 20% од материјалите што ги користи се рециклирани

    Apple откри повеќе иницијативи наменети за намалување на еколошкиот импакт на компанијата врз животната средина, меѓу кои е и употребата на рециклирани материјали во своите производи. Освен тоа што по прв пат користи рециклирано злато, Apple ја има и повеќе од дуплирано употребата на многу реткиот метал волфрам и на рецклираниот кобалт, истакнаа од компанијата.

  • Зошто сите Корејци наскоро ќе бидат една година помлади? Зошто сите Корејци наскоро ќе бидат една година помлади?

    Колку години имаш? е едноставно прашање, но за луѓето во Јужна Кореја одговорот не е воопшто едноставен. Кога ќе се роди бебе во Јужна Кореја се смета дека е старо една година. Кога ќе дојде Нова година на неговата возраст се додава уште една година. Тоа значи дека бебе родено во декември ќе се смета дека има две години кога ќе има само неколку недели.

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде