Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Какви кандидати за работа избира Гугл
Google има исклучително добро развиени сектори кои вработуваат и оценуваат нови кандидати.
-
Еден тон „ајфони“ има 300 пати повеќе злато од еден тон златна руда
Скапоцени метали, алуминиум и бакар... тоа е она што навистина се крие зад екранот на вашиот паметен телефон
-
Шпиони по патиштата: Заработуваат богатство со пријавување неодговорни возачи
Некои работни места не бараат многу труд и стрес, а се добро платени, односно им треба само мобилен телефон и добри чевли. Њујорчани заработуваат така што ги снимаат возилата за испорака, кои стојат покрај патот со вклучен мотор и ги пријавуваат властите. Исплатата е далеку од симболична.
-
ФРАПАНТНА СУМА: Тинејџер казнет со 48.000 евра за прекршување на ковид-карантин, еве ги деталите
Здравствените власти во тајванскиот град Синбеј му наложија рекордна казна на 18-годишно момче кое ги прекршило личните мерки на карантинот поради коронавирусот.
-
Чешка отвора рекорден висечки мост од 721 метар
Чешка ќе отвори рекорден долг висечки мост во мај. Мостот „Скајбриџ 721“ на североистокот од земјава на планинарите ќе им овозможи кратенка низ облаците со феноменален поглед на врвовите на планината Кралички Снежник.
-
Како помалку да ги ,,мразите'' понеделниците?
Еве неколку предлози како да го засакате почетокот на работната седмица
-
Луѓето консумираат 5 грама пластика неделно или колку една кредитна картичка
Од најоддалечените длабочини на океанот до најдлабоките делови на белите дробови, се чини дека микропластиката навлегла во секој дел од нашиот живот, вклучувајќи го и човечкиот гастроинтестинален тракт.
-
Бројот на познати видови пајаци достигна 50.000
Според новите сознанија, во светот има 50.000 видови пајаци, а можно е да има и двојно повеќе, но сѐ уште не се откриени, сметаат научниците.
-
Најмудрите луѓе се раѓаат во овој хороскопски знак
Како што сакаат да бидат опкружени со верни пријатели, припадниците на овој знак во целост им се посветуваат на блиските луѓе
-
ЕВЕ ЗОШТО ИМА ОГЛЕДАЛО ВО СЕКОЈ ЛИФТ: Ова никогаш не би го погодиле!
Целта е функционална, на почетокот беше само механичка, а потоа психолошка.