Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
ЕУ гради тунел меѓу Медитеранот и Скандинавија вреден 11 милијарди долари
Скандинавско-медитеранскиот коридор е многу битна сообраќајница за европската економија. Коридорот се протега од Финска и Шведска на северот до островот Малта на југот и ја опфаќа и Данска, Севррна, Централна и Јужна Германија, индустрискиот дел на Северна Италија и јужните италијански пристаништа.
-
Е ова е шопинг! Клиент со семејството го посети Bugatti и си заминал со осум автомобили
Ситуација налик на она кога ќе ве понесе атмосферата и купувате значително повеќе во продавница отколку што сте планирале… Е сега, замислете да се најдете во фабриката на Bugatti
-
Зошто понекогаш и долгиот сон не е доволен?
Британската Национална здравствена служба (НХС) откри дека секое трето лице кое страда од недостаток на сон бара причини во стресот, прекувремена работа или „предолго гледање“ во екраните од компјутери, мобилни телефони или телевизори.
-
Далматинскиот Хвар е четвриот најубав остров на светот
Популарниот светски магазин “Тајм аут“ објави листа на најубави острови во светот, меѓу нив е и далматинскиот Хвар, кој се најде на четвртото место.
-
СИТЕ НИЕ ГО КОРИСТИМЕ ОВОЈ ПОИМ КОЈ ПОСТОИ ОД РИМСКАТА ИМПЕРИЈА - Дали знаевте што всушност значи СПА?
Зборот СПА денес се користи редовно и најмногу се поврзува со нега, убавина и релаксација. СПА центрите може да се најдат во хотелите, кои нудат широк спектар на услуги кои ќе ни помогнат да се опуштиме. Но, дали знаете што навистина значи СПА?
-
Рекордни шест месеци во вселената – тројцата кинески космонаути се враќаат на Земјата
Тројцата космонаути после минати рекордни шест месеци на кинеската вселенска станица се подготвуваат за враќање на Земјата, јавија денеска кинеските медиуми.
-
Тинејџер примен на 27 факултети, доби стипендии во износ од 4 милиони долари
Матурантот Џонатан Вокер слави откога е примен на 27 колеџи и универзитети, меѓу кои „Харвард“, „Стенфорд“ и МИТ. Покрај тоа, тој добил и стипендии во износ од 4 милиони долари.
-
На гумите за џвакање им требаат и до 1.000 години за да се разградат во природата, а ги фрламе насекаде
На гумите за џвакање им требаат и до 1.000 години за да се разградат во природата, а ги фрламе насекаде
-
Електричен автомобил на Mercedes ја надмина бариерата од 1.000 километри и ја престигна Tesla
Електричен автомобил на Mercedes-Benz AG помина повеќе од 1.000 километри од Германија до француската ривиера со едно полнење на батеријата и ја измести Tesla од центарот на вниманието во технолошкиот натпревар.
-
Нарачајте си пијалак и уживајте! Вака ќе изгледа луксузното патување со балон во вселената – еве колку ќе чини
На располагање ќе имате удобни гарнитури кои ќе ви прават друштво или поинтимна варијанта за двајца.