Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Крај на една ера - "Panini" по 50 години ги укинува албумите со сликички за фудбалери
Фудбалските првенства повеќе нема да бидат исти, барем не за навивачите, бидејќи компанијата "Panini" повеќе нема да продава албуми со сликички за фудбалери. Албумите со сликички ќе бидат укинати пред Европското првенство во Германија во 2024-та година.
-
Не е само за милионери: Што треба да знаете пред да одите во Дубаи?
„Секој ден, во секој поглед, сè повеќе напредувам“ е реченицата која Дубаи, да беше човек, ќе можеше без проблем да ја изговори.
-
Објавена листата на најбогати за 2022: Помалку милијардери од лани, неочекувани промени на врвот
Магазинот Форбс го објави 36-тото годишно рангирање на најбогатите луѓе на планетата. Овој пат на списокот се 2.668 – што е за 87 помалку од пред една година. Тие вредат вкупно 12,7 трилиони долари – исто така 400 милијарди помалку отколку во 2021 година.
-
Флоридa воведе задолжителна едукација за управување со личниот буџет во средните училишта
Флорида официјално е најголемата држава која бара задолжителна финансиска едукација за срендошколците. Гувернерот на Флорида минатата недела го потпиша законот кој едногласно беше усвоен од Претставничкиот дом и Сенатот уште на почетокот на март.
-
240 минути дневно ги делат богатите од сите останати
Секој ден има 1.440 минути. Ова е она што сите го имаме. Сите сме еднакви во однос на времето.
-
Како да провериш која е првата фотка која ја имаш лајкнато на Инстаграм?
Голем број од нас веќе долги години имаат профил на Инстаграм, уште од времето кога не беше толку популарен. Но, навистина би било интересно да се провери која е првата фотка која ја имаме лајкнато на Инстаграм откако го имаме профилот, а сега тоа е можно и тоа со само неколку чекори.
-
Што значи крилатицата „мечка се жени“?
Koга грее Сонце и истовремено врне дожд, велиме дека „мечка се жени“… Дали е ова поврзано со некоја бајка или басна? Зошто токму – мечка и женидба во оваа изрека кај Македонците?
-
Традиционалните „SIM“-картички заминуваат во историјата со „Android 13“
Во текот на втората половина од годината, „Android 13“ ќе биде официјално достапен, што може да донесе интересна промена и да ги направи непотребни традиционалните „SIM“-картички.
-
Зошто телото ни потскокнува кога заспиваме?
Научниците неодамна објаснија зошто кога заспиваме, се случува телото да ни потсокне во сон.
-
Најголемиот патнички авион во светот леташе со гориво направено од масло за јадење
Најголемиот патнички авион во светот Airbus A380 беше искористен за тестирање на одржливи горива за авиони. Леташе со гориво направено од искористено масло за јадење.