Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Германски производител на автомобили плаќа бонуси до 7.900 евра
Германскиот производител на луксузни автомобили Порше ќе им исплати на работниците бонуси до 7.900 евра.
-
Зошто луѓето го плазат јазикот при прецизна работа?
Когнитивниот невролог и предавач по психологија, д-р Џилијан Форестер во 2015 година решила да ја проучи причината поради која луѓето го плазат јазикот кога извршуваат задача со своите раце, којашто бара малку поголема концентрација.
-
Во најмалиот хотел во светот може да престојувате за 240 евра
Најмалиот хотел во светот има само 53 квадратни метри и е широк само 2,5 метри. Хотелот “Eh’Haeusl hotel” се наоѓа во Амберг, Германија, на 130 км оддалеченост од Минхен.
-
Корисник на Твитер објави навредлив твит и доби 150 часа општествено корисна работа
Корисник на Твитер од Велика Британија напиша навредлив пост во, како што тврди, пијана состојба и доби тешка казна со која докажува дека не вреди да се пишува „глупости“ на социјалните мрежи.
-
Како да откриете заборавена Wi-Fi лозинка?
Секому му се случува - лозинката на Wi-Fi мрежата се заборава, особено кога извесно време не поврзуваме нови уреди на познатата мрежа или е доволно комплицирана, па е тешко да се запомни.
-
Крипто милијардерот Сем Банкмен-Фрид- сè што ќе заработи во текот на една година го донира
Основачот на крипто менувачницата FTX, Сем Банкмен-Фрид, не одговара на вообичаениот опис на супербогатите.
-
Оваа боја на автомобил најмалку губи на цена: Можеби не е најпопуларна, но можете да добиете повеќе пари од препродажба на возилото
Ако купувате автомобил со намера да го препродадете, сакате тој да ја задржи вредноста, зарем не?
-
Во оваа земја ќе „заработите“ 3.000 евра казна за користење мобилен телефон при возење автомобил
Властите на Обединетото Кралство на 25 март донесоа одлука за нулта толеранција за употреба на мобилен телефон при возење автомобил.
-
Бил најмалку на 4.000 свадбени веселби како “непоканет” гостин, изел неколку илјади сарми и одлично се забавувал!
Генијалниот Милован познат како Хоки, од селото Клење во северна Мачва, бил најмалку на 4.000 свадбени веселби низ Србија, како непоканет гостин. Не е ни чудо ако се знае дека Хоки цела деценија ја поминал како пејач, а потомок е и на познатиот писател Јанко Веселиновиќ, кој важел за голем боем.
-
Никола Тесла секој ден имал ИСТ ПОЈАДОК, а МЕСО јадел САМО два пати годишно
Знаеме дека Тесла е еден од најголемите умови на човештвото, но сепак е енигма што јадел и во која храна ја барал многу потребната енергија.