Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Ограничување на брзината и забрана за возење во недела во Германија со цел да се намали потрошувачката на гориво
Недели без автомобил и ограничување на брзината – може ли Германија да заштеди гориво како во седумдесеттите?
-
„Лада“ ќе произведува автомобили без електроника
„Лада Гранта“ е релативно модерен автомобил, но сега е прв што започна еден вид „детјунинг“. Покрај губењето на ABS и ESP, новата Granta ќе се произведува и без воздушни перничиња, а ќе го загуби и системот за итни повици ERA-Glonass.
-
Погледнете ја новата фантастична фотографија од Сонцето од 83 мегапиксели испратена од вселенско летало
Фотографијата е направена од камерите на вселенското летало Solar Orbiter на Европската вселенска агенција. На леталото му беа потребни четири часа да ја создаде
-
Полн резервоар за 19 евра! Тие не се грижат за поскапувањето на цените на горивата: Живеат на „висока нога“ со просечна плата од 2.500 евра
Во текот на енергетската криза во светот и големиот скок на цените на нафтените деривати, граѓаните на Обединетите Арапски Емирати имаат привилегија да не се грижат за цените на горивата.
-
Сентурипе – италијански град кој изгледа како силуета на човек
Сентурипе, мал град сместен во ридовите на Сицилија, кој е познат како „балконот на Сицилија“ поради прекрасните погледи над Етна, но малкумина знаат дека од воздух овој град изгледа како силуета на човек.
-
Девојчиња и момчиња учат лозаровинарски занает и уриваат предрасуди
Девојчиња и момчиња учат лозаровинарски занает во средното Земјоделско училиште во Кавадарци, но уриваат и предрасуди, покажувајќи дека нема женски и машки професии, туку има професии кои се работат со љубов.
-
Која е првата палата во Турција која била изградена во европски стил?
Изградена со цел да се прикрие военото и финансиското слабеење на Отоманската империја, палатата Долмабахче е раскошен, монументален дворец полн со злато. Палатата била изградена за време на владеењето на султанот Абдул Меџит I во периодот помеѓу 1842 и 1853 година. Дворецот се наоѓа во европскиот дел на Истанбул во реонот Бешикташ.
-
На студентот му се припишала работата на професорот – како е откриен Рембрант по 30 години?
Триесет години се веруваше дека сликата „Пејзаж со заоблен мост“ е всушност дело на Говерт Флинк, кој бил ученик на познатиот барокен сликар Рембрант Харменсон ван Рајн.
-
Познатата автомобилска компанија барала од вработените да не одат дома - спијат на подот од фабриката
Дали некогаш сте имале чувство дека поминувате повеќе време на работа отколку дома? Тогаш размислете за работниците на „General Motors“ во Кина кои воопшто не одат дома - тие буквално спијат на подот од својата фабрика.
-
Милијардерот Бернар открива совети кои ќе ви помогнат да станете богати: „На вработените им велам да не се грижат за профитот...“
Бернар Арно е третиот најбогат човек на светот, а во еден момент го престигна и Бил Гејтс по богатство.