Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Дали сте знаеле дека дупката на капакот на хемиското пенкало е од витално значење?
Дали некогаш сте обрнале внимание на капакот на хемиско пенкало и сте забележале дека има дупка на горниот дел од него? Дали некогаш сте се запрашале за што служи?
-
Пица e дефинитивно едно од омилените јадења, но колку и дали бизнисот успева?
Пицата е универзално јадење кое го сакаат скоро сите народи.
-
Како бојата на производот ги тера луѓето да го купат?
Бојата на предметите има силно влијание врз емоционалната состојба на една личност. Тоа влијае на автономниот систем. Секоја боја е способна да предизвика асоцијации во нас, а нејзината перцепција е под влијание и на емоционалната состојба и на други карактеристики: на пример, пол, возраст, религија, животно искуство. Дури и нашето чувство за време зависи од бојата: веб -страница дизајнирана во ладни нијанси изгледа како да се вчитува побавно.
-
Книги кои ја кријат тајната на деловниот успех
Книгата That Will Never Work – Марк Рендолф, првиот извршен директор и основач на „Нетфликс“
-
Еве зошто стјуардесите ве загледуваат кога се качувате во авион
Сигурно сте забележале кога патувате со авион дека стјуардесите освен што љубезно ве поздравуваат на влезот во авионот и ве гледаат од глава до пети. Оваа малку необична практика всушност игра важна улога.
-
Почна најголемиот карантин во Шангај од почетокот на пандемијата
Во Шангај денес почнува карантин, односно заклучување на еден од најголемите градови во Кина со околу 26 милиони жители. Тоа е дел од стратегијата на Кина за борба против КОВИД-19.
-
Студија предвидува дека Илон Маск ќе биде првиот трилионер до 2024 година
Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, е на добар пат да стане првиот трилионер во светот во 2024 година, покажа новата студија на Tipalti Approve, објавена денес.
-
На Антарктикот измерена температура за 38 степени повисока од вообичаеното
Научниците измериле невообичаено високи температури на Антарктикот овој месец.
-
Каков тип на потрошувач сте - Инвеститор или трендсетер?
Некои штедат сега за да трошат подоцна, други се расфрлаат, други живеат во рамките на нивните можности – луѓето, земајќи го предвид односот кон парите и трошењето, можат да се издигнат во седум категории, покажува британско истражување.
-
Илон Маск размислува да стартува нова социјална мрежа
Директорот на компанијата Tesla, Илон Маск, размислува за изградба на нова платформа за социјални медиуми.