Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Студија покажа дека автомобилите со внатрешно согорување се посигурни од електричните автомобили
Не само што електричните автомобили се помалку сигурни или доверливи, туку и сервисите траат подолго од оние на бензинците и дизелите.
-
Психолози открија која е најдосадната работа на светот
Студија која ја истражувала здодевноста открила работни места, карактеристики и хобија кои се сметаат за најздодевни. Откако испитале повеќе од 500 луѓе во пет експерименти, истражувачите откриле дека најдосадните работи се анализа на податоци, сметководство, чистење и банкарство.
-
Apple заработил 6,6 милијарди долари со отстранување на iPhone додатоци од кутијата
Во настојувањето да го намали својот јаглероден отпечаток, apple повеќе не вклучува слушалки и полначи со своите iPhone уреди, што е одлука донесена кон крајот на 2020. година со лансирањето на iPhone 12. Правејќи го тоа, Apple заштеди милијарди долари во изминатите година и половина, преку комбинацијата на намалени трошоци на испорака и вредности на дополнителмата опрема која претходно беше вклучена во iPhone уредите.
-
Колку сон ѝ е потребно на возрасна личност?
Мислењата во врска со тоа колку сон му е потребно некому за да го искористи својот максимален капацитет за претстојниот ден се поделени.
-
Претставено првото виртуелно пиво
Претставено е првото виртуелно пиво
-
По грешка фрлил 22.000 евра во контејнер, додека се освестил било предоцна
Египетски државјанин кој живее во Кувајт фрлил 8.000 кувајтски динари (околу 22.000 евра) во ѓубре поради небрежност, пишува Ал Калеј, дневен весник од Обединетите Арапски Емирати.
-
По повеќе од 20 години во ЗОО – Скопје се родија три лавчиња
По повеќе од 20 години во скопската Зоолошката градина се родија три лавчиња, соопшти прес-службата на Град Скопје.
-
Германците го променија мислењето за "дизелашите"
Европската унија предлага од 2035 година да се возат само возила со нулта емисија на гасови, а во таа борба за сојузник ја доби и Германија.
-
Дали знаете дека денес е Меѓународниот ден на среќата?
Меѓународниот ден на среќата се слави низ целиот свет на 20 март. Основан е од Генералното собрание на Обединетите нации на 28 јуни 2012 година и има цел да ги натера луѓето од целиот свет да ја сфатат важноста на среќата во нивниот живот.
-
2 милијарди генетски модифицирани комарци ќе бидат пуштени во Калифорнија и Флорида
Британската биотехнолошка компанија „Окситек“ соопшти дека добиле дозвола од Агенцијата за заштита на околината во САД за пуштање на нивни генетски модифицирани комарци во делови од Флорида и Калифорнија. Мажјаците од овие инсекти се дизајнирани да создаваат неплодни поколенија, а целта е да се редуцираат локалните популации на комарците и болестите кои тие ги пренесуваат.