Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Најсреќни земји за живеење во светот - Еве на кое место сме ние
Македонија е 89-та најсреќна земја за живеење во светот меѓу 146 рангирани земји, покажува најновиот Извештај за среќа во светот, објавен од Мрежата на ОН за одржлив развој.
-
Новограц: Bitcoin ќе скокне над 1.000%
Извршниот директор на Galaxy Digital, Мајк Новограц, предвидува дека Bitcoin (BTC) би можел да скокне повеќе од 1.000% во следната половина деценија.
-
Мистериозен саркофаг пронајден под Нотр Дам
Археолозите кои работат на обнова на париската катедрала Нотр Дам, оштетена од пожарот пред неколку години, открија непозната гробница скриена под готската црква стара 850 години.
-
Возачите заразени со корона вирус треба да се тркаат во Формула 1
Пилотот на тимот Ред Бул во Формула 1, Серхио Перез, смета дека на возачите кои се заразени со коронавирус треба да им се дозволи да се тркаат во шампионатот.
-
НАЈВЕРОЈАТНО ОВА НЕ СТЕ ГО ПРИМЕТИЛЕ: Овој број на вашата лична карта открива нешто што ќе ве воодушеви
Најинтересните податоци се кријат во последните три реда од задната страна на личната карта.
-
Што значи кога ви „ТРЕПЕРИ“ окото: ова се НАЈЧЕСТИТЕ народни верувања, а еве што тврдат ЗДРАВСТВЕНИТЕ ЕКСПЕРТИ!
Сигурно на сите ви се случило барем еднаш да ви заигра окото. Што мислите, дали треперење на окото е добар или лош знак?
-
Збогум за евтините автомобили! „Мора да се произведува помалку, а да се заработува повеќе“
Сè на сè, ова отсекогаш било очигледно, но сепак повеќето големи производители на автомобили се држеа до сценарио во кое автомобилите треба да бидат достапни за луѓето и да ги има многу. Но, тоа е минато, пандемијата покажа дека е подобро да се произведуваат помалку автомобили и да се продаваат поскапо. Како резултат на тоа, автомобилите ќе станат поскапи, а џебовите на производителите подебели.
-
Финска прогласена за најсреќна земја за живеење, Македонија последна од земјите во регионот
Финска по петти пат го зазеде местото на најсреќна земја за живот, додека Македонија е на 89. место меѓу 146-те рангирани земји, според Светскиот извештај за среќа, публикација на Мрежата за одржлив развој на ОН.
-
Препорака на ИЕА до потрошувачите – патувајте помалку, возете побавно!
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ги повика денеска потрошувачите да патуваат помалку, да го делат превозот и да возат побавно, како дел од планот од 10 точки за намалување на потрошувачката на нафта.
-
Во Белгија плаќаат 900 евра за да не го возите автомобилот во град!
Главниот град на Белгија штотуку ја засили борбата против загадувањето на воздухот предизвикано од автомобилскиот сообраќај.