Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
По 130 години, пронајдени остатоците од бродот „Атланта“
Бродот „Атланта“, за кој се мислеше дека е засекогаш загубен, е пронајден на дното на езерото Супериор во Северна Америка.
-
Кое е „правилото од пет часа“ кое го применуваат милијардерите?
Интелектуалниот капитал е човечки капитал. Во основа се развива со читање книги и информирање. Познато е и како „правило од пет часа“ кое го применуваат најуспешните луѓе.
-
Најсреќниот човек на светот- „Супер Марио“ живее 20 години на крузер
Марио Салседо живее на крузери во последните 20 години, нарекувајќи се себеси најсреќниот човек на светот.
-
Што открива вашата омилена боја за вашиот карактер?
Ако најчесто избирате една боја на облека, чевли и други работи, тоа може да сугерира на вашите експресивни особини на личноста за кои можеби не сте свесни. Што открива вашата омилена боја за вашиот карактер?
-
„Бев банкарка, си дадов отказ, сега сум дизајнер на куќички за кукли и среќна сум“
„Бев банкарка, си дадов отказ, сега сум дизајнер на куќички за кукли и среќна сум“
-
Швеѓаните можат да земат шест месеци отсуство од работа за да основаат свој бизнис
Жителите на Шведска сега можат да земат шест месеци отсуство од работа за да стартуваат сопствен бизнис, а ако не оди се според планот, повторно можат да се вратат на старата работа. Ова неплатено отсуство се вика Tjänstledighet и ги охрабрува луѓето да пробуваат нови нешта и поттикнува иновативна култура.
-
Сè повеќе вработени во Google се незадоволни од платите
Додека Google се подготвува да ги врати повеќето од своите вработени, компанијата се соочува со работна сила која е сè понезадоволна од клучните работи како што се платата и способноста да се остварат целите во кариерата.
-
Старо прашање, но секогаш актуелно: Дали треба да се загрее моторот на автомобилот пред да се започне со возење?!
Сè додека моторот не ја достигне работната температура, бројот на вртежи во минута треба да остане во долната третина од опсегот на вртежи
-
Студенти поминуваат еден семестар на брод
Замислете да поминете еден семестар од академската година патувајќи со брод. Токму така учат американски студенти на бродот „Ворлд одисеј“, кој неодамна го посетил Дубровник.
-
Зошто пропаѓаат компаниите во кои менаџерите не сакаат да слушаат лоши вести ?
Дали некогаш сте работеле за менаџер или шеф којшто не сакал да слуша лоши вести? Дали некогаш се случило да кажат работи како „Не доаѓај кај мене со проблеми, дојди со решенија!“?