Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Пролетта повеќе не започнува на 21 март, еве и зошто?!
Зошто се смени датумот на пристигнување на пролетта?
-
Twitter лансира сервис за побезбедно твитање
Во изминатите недели бевме сведоци на голем број забрани за работа, a меѓу нив е и Twitter. Популарниот сајт има решение кое може да ги надмине овие забрани.
-
„Тоа е како депозит за куќа“ – колку чини замена на менувач на „Audi“ автомобил?
Сопственик на „Audi“ изјавил дека бил изненаден кога сервисот во Нотингем му дал сметка за замена на менувачот од над 31.000 фунти.
-
На која надморска височина се нашите градови?
Дали сте се запрашале на која надморска височина се градовите во Република Македонија? Дали знаете дека има само два града под 100 м и еден над 1000 м надморска височина?
-
Драга Љочиќ - првaта српска докторка немала право на пензија и на зголемување на платата
Иако Драга била докторка по медицина во Цирих, а и воен поручник, оваа храбра жена не можела да најде работа во државната служба. Машките колеги и завидувале, немала право на зголемување на платата и пензијата, но направила една работа што никој од нив не ја направил
-
Пет придобивки од штедењето во банка
Кога се мисли на инвестирање, најчесто станува збор за акции, недвижен имот, или пак странски валути. Сите овие инвестиции нудат одреден долгорочен поврат на средствата, но и одреден степен на ризик, утврдени минимални износи како почетна инвестиција и одредена расположливост на вложените средства. Па, зошто тогаш не размислите да ги инвестирате во производ што има минимален ризик, безбеден е и преку него имате брз и лесен пристап до вашите средства?
-
Науката докажа: Интелигентните луѓе најчесто живеат во хаос
Неорганизирани сте, никогаш не знаете каде ви се клучевите, куќата ви е во хаос, сакате да играте видео игри? Добрата старана на сето ова е дека сте интелигентна личност.
-
Многу возачи неправилно ги пумпаат гумите во зима
Пониските температури значат и помал притисок во гумите, затоа е потребна и почеста проверка на гумите во постудените месеци
-
Зошто не е добро да го миете автомобилот на многу ниски температури?!
Пред да влезете во автоперална, потребно е да се отстранат сите остатоци од снег и мраз, бидејќи стружењето мраз може да ја оштети бојата на возилото
-
5 утрински рутини од кои треба да се ослободиме
Секое утро кога ќе се пробудиме правиме некои работи кои со тек на времето ни станале рутина. Некои од нив не прават спори, негативни, па дури и мрзоволни рано наутро.