Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Што да направите ако вашиот лет е откажан или одложен?
Како да планирате и што да правите во случај на откажани и одложени летови дури и пред да се случат?
-
Американски стартап го собира CO2 од воздухот и од него прави дијаманти
Кога помислуваме на дијаманти помислуваме на богати луѓе или на рудари кои вадат сурови дијаманти во многу тешки услови, За жал, индустријата за производство на дијаманти загрижува многумина поради начинот на кој што се произведуваат.
-
PEPSI го лансираше првиот газиран пијалак во светот со азот
Индустријата за газирани пијалаци постои над 100 години. Иако низ годините имаше повеќе иновации на вкусот и амбалажата, едно нешто е исто од самиот почеток – газраниот вкус. Pepsi сега презема најамбициозен чекор досега и ја претставува својата иновација – Nitro Pepsi.
-
Каранфилот е симбол на денот на жените: Секоја боја има свое значење, а еве зошто виолетовата никогаш не се подарува
Црвените каранфили се секако најпознатиот симбол на Денот на жената. Овој цвет има историја од повеќе од 2.000 години и носи многу значење
-
Никогаш не ја инсталирајте оваа апликација од „Google Play Store“
Вирусот „Shark Bot“ е вметнат во продавницата за апликации на „Google“ – „Play Store“ и предизвикува големи проблеми.
-
Кралицата Елизабета засекогаш ја напушта Бакингемската палата
Кралицата Елизабета втора поради коронавирусот ќе се пресели од Бакингемската палата засекогаш и ќе продолжи да работи од нејзиниот нови дом во палатата Виндѕор пренесе The News.
-
Инјекција за слабеење пуштена во продажба
Аптеките во Велика Британија од денoвиве почнаа со продажба на „инјекција за слабеење“, за која не е потребен рецепт, а функционира така што го потиснува апетитот и „ветува губење на пет отсто“ од телесната тежина за три месеци.
-
Се продава болидот „Ферари Ф300“ на Шумахер од 1998 година
Болидот на седумкратниот светски првак Михаел Шумахер „Ферари Ф300“ е ставен на продажба со цена од 4.900.000 долари. Тој победи со овој болид на Големата награда на Унгарија во 1998 година, откако успеа да надомести 25 секунди во последните 19 кругови.
-
Корона вирусот ќе биде испратен во вселената. Зошто?
Протеините на корона вирусот, заедно со екипажот, за прв пат ќе бидат испратени до Меѓународната вселенска станица на 18 март со вселенското летало Сојуз МС-21, како дел од експеримент, изјави за ТАСС Јузеф Кесуани од 3D Bioprinting Solutions.
-
Како да се будите порано наутро?
Сигурно сте ја слушнале старата поговорка „Кој рано рани, две среќи граби“.