Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Facebook ја гаси својата социјална мрежа наменета за студенти
Корисниците се известени дека по 10. март сите податоци кои ги објавиле ќе бидат избришани, но дека ќе можат да ги преземат на својот компјутер.
-
“Vespa” слави 75-ти роденден, а “LEGO” нуди посебна креација
“LEGO” претстави уште еден производ за љубителите на легендарното возило.
-
На оваа земја му треба "ѓубре" - Рециклираат толку многу што честопати остануваат без него, па треба да го увезуваат
Во последните децении, шведската влада се соочи со проблем со кој повеќето земји никогаш не се соочиле. Им недостасува ѓубре!
-
Развојот на технологијата овозможи тастатурата речиси целосно да ги замени хартијата и пенкалото
Развојот на технологијата овозможи тастатурата речиси целосно да ги замени хартијата и пенкалото. Сепак, колку што развојот на технологијата направи некои работи полесни и побрзи, има и лоши ефекти од развојот.
-
Ротердам ќе демонтира историски мост за да може да помине суперјахтата на Џеф Безос
Ротердам ќе демонтира историски мост за под него да може да помине суперјахтата на американскиот милијардер Џеф Безос.
-
3 европски градови кои се предводници кон одржлива мобилност
Европските градови кои во моментов се најблиску до постигнување на нула емисии во транспортниот сектор се Осло, Амстердам и Хелсинки. Сепак, зазеленувањето треба да се забрза инаку ниту еден од градовите нема да може да ја ослободи мобилноста од загадувањето до 2030 година. Ова е заклучокот од новата студија спроведена од коалицијата на невладини организации Clean Cities Campaign.
-
Кенија тестира нови соларни панели што ќе обезбедуваат храна
Мултинационален тим од научници е подготвен да тестира нови соларни панели во Кенија, со намера да помогне во производството на електрична енергија, но и да обезбеди храна.
-
Истражување – Антарктикот бил во пламен пред 75 милиони години!
Големи шумски пожари го зафатиле Антарктикот пред 75 милиони години, во време кога диносаурусите сè уште талкале по Земјата, открива ново истражување.
-
Дали сте знаеле дека првиот програмер во историјата е всушност жена? Татко ѝ е големиот светски поет, а еден програмски јазик го носи нејзиното име
Програмирањето е едно од најпопуларните занимања на денешницата и сè побројни се оние кои се одлучуваат за оваа професија.
-
Како да препознаете оригинал и копија на Samsung полнач
Фалсификати има насекаде, а најефикасен начин да се избориме со неквалитетните копии е да научиме да ги препознаваме