Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Видео: Со „Volvo“ поминал милион милји за 30 години, награден е со нов автомобил
Иако 1,6 милиони километри изгледаат како многу, тоа е далеку од рекордот што исто така го држи едно „Volvo“, модел „P1800“ со 5,23 милиони километри.
-
Пижама одело – must have за оние кои работат од дома
Ако сакате да го поминете целиот ден во комотна и пријатна облека како што се пижамите, и со која лесно можете да одите на состаноци преку Zoom или Skype, јапонската компанија има одлично решение.
-
Netflix ја тестира функцијата TikTok на телевизорите
Netflix лансира тест кој ја носи функцијата „Fast Laughs“ на телевизорите. Вклучете се и добијте многу смешни клипови од сериите, филмовите и специјалните комедии на Netflix. Опцијата Tik Tok направена за оние кои се активни на социјалните мрежи.
-
Spotify лансира автомобилски уред за музика наречен Car Thing
Spotify за првпат го претстави својот достапен автомобилски музички уред, наречен Car Thing, за ограничен број на Premium корисници минатиот октомври и наводно имале листа на чекање за повеќе од два милиони заинтересирани купувачи. Сега, стриминг платформата го лансираше овој уред на пазарот, кој е прв хардвер на шведската компанија.
-
Дали осумчасовнaта работа е само губење на време!?
Малкумина се оние кои работејќи на некој проект активно ќе работат осум часови. Не, всушност ги нема! Тоа не е возможно, дури и да мислите дека сте работеле, верувајте мозокот и телото повремено се одмарале.
-
Toggl Track – апликација специјализирана за следење на потрошувачката на време
Toggl Track е дефинитивно една од најпопуларните апликации за следење на потрошеното време, односно за следење на работното време. Прилично е удобна за користење, не само затоа што е практично дизајнирана, туку и затоа што всушност нуди доста погодни можности.
-
Неверојатно но, вистинито - несекојдневни граници помеѓу некои држави
Иако првата асоцијација за граница помеѓу две држави ни е јасно обележана граница со бодликава жица, метална ограда, високи ѕидови и војници на стража, не се сите граници толку непријатна глетка за око.
-
Јужна Кореја инвестира милијарди долари во возила на водород
Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин соопшти дека државата планира да вложи 1,8 милијарди долари во развој и производство на самоуправувачки возила и еколошки автомобили што ќе се движат на погон со водородни горива.
-
„Таму каде копното престанува, а почнува морето“ – до 14-ти век се сметало дека на ова место е крајот на светот
„Таму каде копното престанува, а започнува морето“, вака португалскиот поет од 16-ти век Луис да Камоес ја опеал високата карпа која се издигнува над океанот на 40-на километри северозападно од Лисабон.
-
Запознајте го островот со необичен облик по кој чекореле помалку луѓе отколку на површината од Месечината
Иако привлекува многу љубители на природата, локалните статистики наведуваат дека само девет луѓе чекореле на овој остров.