Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
Италија ви дава 2.000 евра ако склучите брак во Рим - НО под еден услов!
Рим, со своите иконски и романтични локации како што се Фонтаната Ди Треви, Колосеумот и Портокаловата градина, со години е топ дестинација за свадби. Сепак, пандемијата, со сите свои ограничувања, доведе до значителен пад на бројот на свадби во главниот град на Италија, а сега Вечниот град сака да ја врати својата романтична слава со специјална кампања наречена „Од Лацио со љубов“.
-
Луѓето кои се занимаваат со овие професии најчесто не остануваат во брак!
Статистичарот Нејтан Јеј го истражувал процентот на разводите помеѓу професиите за да ја открие потенцијалната поврзаност помеѓу професијата и брачната состојба. Неговите резултати изненадиле многумина. Јеј работел со податоци од вработени кои живеат во САД. Според неговото истражување, вработените во овие професии најчесто се разведуваат.
-
Трошоците за производство на електрични возила се за 50% повисоки од оние бензинците
„Ако очекува профит, тоа е трошок кој производителот на автомобили не може целосно да го покрие или да го пренесе на клиентите“.
-
Помалку банкомати во Холандија поради кражби
Во Холандија минатата година се отстранети 879 банкомати од кои граѓаните можат да добијат готовина, а останале само 4.916, покажуваат податоците на Холандската Народна банка.
-
Работни места за парови кои сакаат да работат заедно
Можеби е тешко да најдете огласи за две работни места во ист бизнис и да бидете сигурни дека и двајцата ќе се вработите истовремено. Но, има многу други можности за оние парови кои сакаат да работат заедно. Зошто да не испланирате и заеднички бизнис? И знаете што велат, паровите кои заеднички ги плаќаат даноците, остануваат заедно!
-
Како да се мотивирате за вежбање?
Во здраво тело – здрав дух, сме го слушнале ова безброј пати, но со современото брзо темпо на живот тешко е да се натераме да направиме промени на подобро во рутината и уште потешко да најдеме мотивација за да истраеме во спроведување на тие промени.
-
Чудната старица Баба Марта: Знаете ли зошто вака се нарекува месецот март?
Колку често во животот, особено од постарите, сте го чуле изразот Баба Марта, а знаете ли всушност што значи тоа?
-
"Мрачната" страна на работата на брод
Зошто работата на брод може да биде "брутална"? Реалноста е далеку од оние фотографии со рајски плажи што ги гледаме на Фејсбук и Инстаграм...
-
НАЈСКАП ДЕСЕРТ НА СВЕТОТ; „ЗЛАТИОТ ФЕНИКС“ со години неприкосновен во елитните ресторани
Кога пред неколку години група угостители од Дубаи ѝ го претставија на светот својот најскап десерт, многумина гастрономи оценија дека неговата слава ќе трае кратко и оти рекордот за најскапа порција слатко задоволство ќе ја преземе друг претставник на неуморната угостителска конкуренција.
-
Италијански „Форест Гамп“: Пешачел 400 километри по кавга со сопругата
48- годишен Италијанец откако имал недоразбирање со својата сопруга, излегол да се смири на прошетка долга 450 километри, која траела една недела. Човекот ја напуштил својата куќа во Комо и се упатил кон југот на Италија, поминувајќи ја Болоња, за да биде запрен од полиција во градот Фано, на Јадранското крајбрежје.