Занимливости
Занимливости – најчудната работа, најтешката работа, најлудите причини за отказ се темите за интересни статии и неверојатни приказни кои имаат за цел да ги опуштат сите кои бараат работа, а истите ја претставуваат другата страна на пазарот на трудот. Во Индонезија доставуваат мајчино млеко, во САД даваат отказ поради пакување со чипс, а некои луѓе заработуваат така што собираат измет. Овде можете да дознаете и кој е најдобриот работодавач во светот, кога вработуваат светски познатите компании и славните личности и кои се најплатени професии. Пазарот на трудот, регрутирањето и барањето работа имаат и своја смешна страна, а работодавачите и колегите на работа не мора да бидат секогаш сериозни. Lifestyle истражувањата и текстови кои ви помагаат да го тренирате својот мозок и меморија се дел од нашите адути за рубриката занимсливости бидејќи тоа се вести кои сите сакаме да ги читаме. Обработуваме и теми кои се поврзани со здравјето, интересни деловни обичаи и проекти. Прочитајте и кои се најнеудобните ситуации на работа и голем број на вести од светот кои се толку бизарни што моравме да ги сместиме во занимливости. Тука се наоѓаат и интересни професионални совети и примери што да облечете за на првиот разговор за работа, како да се однесувате на деловните забави, одење со велосипед на работа или најболното прашање за сите љубители на животни: како да ја задржите работата и кучето во исто време. Занимливостите се наменети за сите деловни луѓе кои бараат работа или се досадуваат на работа. Насмејте се со бизарните и чудните вести од светот и Македонија.
-
„Lufthansa“ размислува да формира нова авиокомпанија за да ги намали трошоците
Германскиот авиопревозник „Lufthansa“ ги информираше пилотите дека би можела да основа нова авиокомпанија за да ги заштеди трошоците доколку пропаднат преговорите за нов колективен договор, велат извори запознаени со ова прашање.
-
Гугл објави нови правила за враќање во канцелариja
Уште еден знак за враќање на старото нормално време: Гугл објави нови правила за враќање во канцелариите
-
„Големиот Гетсби“ инвестира во компанија за шампањ
Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо стекнал удел во францускиот производител на шампањ Telmont, откри неговиот мнозински сопственик Remy Cointreau. Ова се случува во време кога луксузните брендови склучуваат договори со познати личности за да ја зголемат нивната атрактивност.
-
Ново тврдење на научниците: Балканадолија бил посебен континент пред 40 милиони години
Балканот и Анадолија некогаш формирале единствен континент, кој постоел пред околу 40 милиони години.
-
Колку чини замена на батеријата на електричен автомобил?
Цените на заменските батерии за електричните автомобили достигнуваат вртоглави суми. Едно е гаранција и гарантен рок, кои најчесто се до осум години или 250.000 км, но што после тоа, кога возачите се препуштени сами на себе?
-
Ако сакате да намалите со кофеин ЗАМЕНЕТЕ ГО КАФЕТО СО ОВИЕ НАПИТОЦИ
Кофеинот го подига нашето ниво на енергија и расположение, но и нивото на стрес во телото.
-
Дали знаете зошто се вели “КРОКОДИЛСКИ СОЛЗИ“? Еве какво значење има тој израз
Илјада пати сте слушнале за изразот “крокодилски солзи“. Еве зошто во народот се вели лиеш “крокодилски солзи“
-
Количка за намирници со вештачка интелигенција – спој на онлајн и офлајн шопинг искуството
Вив количките што се тестираат во Алберстонс им овозможуваат на муштериите да ги скенираат намирниците во движење, без посета на киоскот за наплата.
-
Луѓе кои доброволно не јадат и не пијат ништо со години: Овој човек е најпознатиот Бретаријанец на денешницата
Breatharianism, Breatharians – е филозофија и група луѓе кои ја следат, а се однесува на начин на живот во кој не се зема храна (понекогаш без вода). Практичарите на оваа филозофија тврдат дека живеат само на светлина или прана и дека таквата „диета“ е достапна за секого штом ќе го помине почетниот процес.
-
Листа на торент страници кои Американците сакаат да ги забранат
Кога станува збор за торент сајтовите, на врвот на листата се RARBG, RuTracker, The Pirate Bay и 1337x, но и сервисот за стриминг Popcorn Time, кој содржините ги прикажува користејќи торенти.